.NET Developer
Бараме .NET програмер за развој на софтвер со користење на јазици и технологии од .NET framework-от. Избраниот кандидат ќе развива апликации „од нула“, ќе одржува постоечки апликации и ќе обезбедува корисничка подршка за домашни и странски клиенти.
Идеалниот кандидат треба да пишува функционален код, да има око за забележување на детали и да биде тимски играч со развиени комуникациски вештини.
Доколку имаш страст за работа со .NET технологии и се пронаоѓаш во описот на работното место тогаш би сакале да те запознаеме.
Одговорности:
- Учество во анализа на клиентските барања
- Соработка со интерните тимови при дизајнирањето и имплементацијата на софтверските решенија
- Пишување на чист, скалабилен код со користење на .NET C# јазик
- Развој и имплементација на нови карактеристики на постојните софтвери
- Креирање на документација за време на целиот животен циклус на развој на софтверот
Потребни квалификации:
- 2+ години работно искуство со .NET технологии (C#)
- Работно искуство со релациони бази на податоци (MS SQL Server)
- Познавање на Agile методологии
- Одлични комуникациски вештини и вештини за препознавање на проблеми
- Познавање и работа со Source control (TFS)
- Познавање на .NET Core ќе се смета како предност
- Искуство со работа со DevExpress контроли ќе се смета како предност
Што нудиме:
- Работа во релаксирана атмосфера со искусен тим
- Можност за посета на голем број курсеви
- Можност за сертификација
- Голем избор на кафе
Junior .NET developer
Бараме Junior .NET програмер за развој на софтвер со користење на јазици и технологии од .NET framework-от. Избраниот кандидат ќе работи под менторство на искусни колеги, ќе развива нови апликации и ќе одржува постоечки апликации.
Од идеалниот кандидат очекуваме да има желба за учење и да биде тимски играч со развиени комуникациски вештини. Доколку имаш страст за работа со .NET технологии и се пронаоѓаш во описот на работното место тогаш би сакале да те запознаеме.
Одговорности:
- Развој на софтверски апликации според спецификација
- Дебагирање, идентификување и решавање на проблеми во код
- Соработка со интерните тимови при дизајнирањето и имплементацијата на софтверските решенија
- Креирање на документација за време на целиот животен циклус на развој на софтверот
Потребни квалификации:
- Со или без работно искуство со .NET технологии (C#)
- Основно познавање на релациони бази на податоци (MS SQL Server)
- Желба за учење
Што нудиме:
- Менторство од членови на искусен тим
- Можност за посета на голем број курсеви
- Можност за сертификација
- Голем избор на кафе
React JS Developer
Клучни задачи и одговорности:
- Развивање на висококвалитетни веб-услуги користејќи React.JS.
- Работа во тимови за развој на решенија од првичен концепт, проектна архитектура и кориснички интерфејс до испорака на завршено и целосно решение
- Анализирајње на клиентски барањата за дизајн и тесна соработка со проектниот менаџер
- Одржување, анализа и подобрување на постојните услуги.
Квалификации:
- Работење со JavaScript
- Темелно разбирање на React.js и неговите основни принципи.
- Претходно искуство со популарни работни текови на React.js (како што се MobX или Redux ќе се смета за плус).
- Претходно искуство со JS библиотеки (на пр., lodash.js, moment.js).
- Познавање на RESTful APIs.
- Познавање на HTML / CSS.
Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат условите може да го испратат своето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака „Семос вработување“ и насловот на позицијата за која аплицираат.
Слични огласи »