ДАДИЛКА – ВОДНО оглас број:008
Бараме ДАДИЛКИ кои ќе станат дел од нашиот тим
Бараме дадилки со амбиција и желба да ни се придружат во нашата работа во згрижување, нега и едукација на деца. Ние сме компанија Бејбиситинг Сервис, основана со цел на родителите да им овозможиме висококвалитетна услуга чување и воспитување на децата во домот на семејството. На грижата за децата гледаме како на интерактивен процес со којшто на детето му се овозможува развивање на социјални, општествени и комуникативни способности. Ние ја почитуваме индивидуалноста на секое дете и секое семејство. Модерното и современо време е исполнето со предизвици како за децата така и за родителите. Возраста на детето, начинот на исхрана, омилените активности или посебните потреби се фактори кои имаат влијание на организација на секојдневните активности. Меѓутоа без оглед на посебните услови, висококвалитетна грижа и нега на детето е приоритет за секоја дадилка.
За потребите на нашите клиенти објавуваме оглас за вработување на
ДАДИЛКА на две деца во домот на семејство во Водно
Возраст на децата: 3 години, 8 години
Работно време: 11:00 – 19:00/20:00 часот
Напомена: Работното време е флексибилно и во договор со семејство.
Работни денови: понеделник – петок
Плата: По договор
Клучни одговорности - Комбинација на грижа и едукација на деца и помош за средување на домашните обврски.
-
Од 11:00 часот до 15:00 часот дадилката треба да го организара домот
-
Да се подготви ручек за семејството
-
Да се уклучи машини за перење и сушење садови и алишта
-
Да се завршуваат други секојдневни обврски со цел да се одржува хигиена во домот на дневно ниво
-
Во 15:00 часот преземање на децата од градинка и училиште
-
Помош на децата околу лична и општа хигиена
-
Организирање на денот
-
Овозможување на едукативни игри согласно возраста и развој на децата
-
Помош околу домашни задачи
-
Прошетки во парк
-
Одржување на детска соба и простор за играње
-
Грижа за играчки и детски алишта
Квалификации и вештини:
-
Се бара флексибилна личност!
-
Минимум средно образование, факултет ќе се смета за предност
-
Одлични комуникациски вештини
-
Препораки од претходни работодавачи
-
Претходно искуство како дадилка во МК или во странство
-
Посветеност на професијата, континуирана едукација и напредување
Нудиме:
Ние нудиме можност за долгорочно вработување, напредување и надоградување. Дадилките во агенција имаат можност за соработка и работа во странски и домашни семејства. Надоместоци и плати во нашата агенција се мотивирачки и вклучуваат освен плата и можност за едукација и присуствување на домашни и меѓународни обуки во наведена област.
Доколку сте заинтересирани, испратете ја Вашата биографија електронски најдоцна до 06 август 2018 година на некоја од следните емаил адреси: [најави се за да го видиш е-маилот] или [најави се за да го видиш е-маилот] . и задолжително наведете го бројот на огласот за кој аплицирате: Пример: Водно 008
*Бројот на огласот стои веднаш до насловот на секој оглас.
Само кандидати чии вештини и квалификации одговараат на потребите на семејство ќе бидат повикани на интервју. Биографии и апликации доставени по наведениот рок нема да бидат земени превид.
Сите апликации и пријави ќе бидат третирани како доверливи и во согласност со Закон за заштита на лични податоци.
Повеќе информации и на : www.babysittingmk.com