ИНТРАКОМ ДООЕЛ Скопје, подружница на ИНТРАКОМ ТЕЛЕКОМ Грција, функционира како фирма интегратор од 2002 година, обезбедувајќи решенија и услуги во областа на телекомуникациите и градежно/електромехнички работи.
ОГЛАС
ЗА РАБОТНО МЕСТО
1 (еден) дипломиран градежен инженер
Неопходни квалификации:
- Високо образование Градежен факултет
- Работно искуство особено во градба на инфраструктурни елементи за потребите на телекомункациски објекти (електронски комуникациски мрежа и средства од локален карактер – базни телекомуникациски станици), линиски инфраструктурни елементи - подземни и надземни линиски водови (довод на електрична енергија, оптички кабли, FTTH) пристапни патишта, технички простории за сместување на опрема и уреди итн. во планински, рурални и урбани средини
- Работно искуство во водење на проекти од горенаведените области
- Задолжително поседување на следните овластување:
- важечко А овластување за изведба издадено од КОАИ на Р. Македонија
- важечко А овластување за надзор издадена од КОАИ на Р.Македонија
- важечко А овластување за изработка на проектна документација издадена од КОАИ на Р.Македонија
- Познавање на англиски јазик (пишуван и говорен јазик)
- Работа со компјутери и задолжително познавање на MS Office, Internet и Auto CAD
- Поседување возачка дозвола Б категорија
- Висок ниво на комуникациски способности,флексибилност и тимска работа во текот на извршување на работните задачи
Опис на работните задачи:
- Организација на тековни работни активности на вработените техничари и изведувачите за превентивно и корективно одржување, градба на нови телекомуникациски објекти , итн
- Посета на инфраструктурни објекти во разни фаза на градба
- Следење на техничката документација и објектите во градба , редовно пополнување на тековните податоци неопходни за следење на градбата , изработка на спецификации, и сета потребна техничка документација во текот на реализација на проектот согласно важечките закани
- Подготвување на техничко економска понуди вклучително и истражување на пазарот на материјали, изведувачи
- Подготвување на набавки на потребен градежен материјал и набавки на материајал од магацинот на клиентот
- Раководење на проект и тековни работни контакти со Клиентите, Надзорниот инженер , изведувачите и вработените за време на реализација на проектот
- Комуникации и соработка со одоговорни лица од институците на ЕЛС и институциите на државата.
Потребни документи:
- Професионална биографија /СV,
- Важечка Диплома за завршен Градежен факултет
- Овластувања
- важечко А овластување за изведба издадено од КОАИ на Р. Македонија
- важечко А овластување за надзор издадена од КОАИ на Р.Македонија
- важечко А овластување за изработка на проектна документација издадена од КОАИ на Р.Македонија
Потребните документи да се испратат на: [најави се за да го видиш е-маилот] до денот на важност на овој оглас
Слични огласи »