Цементарница УСЈЕ АД Скопје лого

Референт за финансиска контрола

За компанијата:

Цементарница УСЈЕ АД Скопје е основана во 1955 година недалеку од копот за лапор северозападно од Скопје. Цементарница УСЈЕ АД Скопје претставува извонреден пример на компанија со одржлив развој. Нашите... повеќе за компанијата »

Групацијата ТИТАН повеќе од еден век успешно го продолжува својот раст, со особена почит кон поединецот, општеството и животната средина. Групацијата ТИТАН ги смета своите човечки ресурси за клучен фактор за одржлив развој. Ние се потпираме на вештините и залагањата на нашите луѓе од сите нивоа на хиерархијата. Наша цел е да ги привлечеме, развиваме и задржиме најдобрите професионалци, при што им овозможуваме креативен развој на кариера и ги наградуваме нивните резултати. На тој начин за Групацијата стекнуваме долготрајни вредности и конкурентска предност.

Цементарница УСЈЕ АД Скопје

ГРУПАЦИЈА ТИТАН

објавува оглас за вработување на

Референт за финансиска контрола

  • избраниот кандидат ќе учествува во изготвување на годишниот буџет на Компанијата, изготвување на годишни и повеќегодишни стратешки планови
  • изготвување на дневни и месечни извештаи
  • анализа на фиксните и варијабилните трошоци од работењето на одредени сегменти на Компанијата
  • изготвување на презентации и учество во проектни задачи од други области согласно потребите на Компанијата


За својата работа ќе известува на Раководителот на Службата за планирање и контрола. Платата за работното место во нето износ е од 34.500,00 до 40.000,00 денари.

 

Потребни квалификации:

  • Економски факултет, ВСС/VII степен (240 кредити)
  • Работно искуство најмалку 2 (две) години во планирање и контрола, изготвување буџети и MIS извештаи.
  • Напредно познавање на Microsoft Excel, Power Point (и/или Prezi) и одлично познавање на другите MS Office апликации
  • Одлично познавање на англиски јазик

 

Конкурентски предности:

  • Отворен за соработка и желба за работа во средина со високи барања
  • Одлични аналитички способности и прецизност во работењето
  • Добри комуникациски и организациски способности
  • Флексибилност и адаптибилност
  • Тимско работење и кооперативност
  • Ефективност и ефикасност

      

       Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:  

  •   Мотивациско писмо
  •   Биографија на англиски јазик (CV)
  •   Доказ за завршено образование

 

Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.

Кандидатите  треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.

Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено време.

Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација или убедување.

 

Аплицирањето се врши само на веб страницата на Цементарница УСЈЕ АД Скопје

http://www.usje.com.mk

каде заинтересираните кандидати треба да ја пополнат електронската апликација за CV и да ги прикачат потребните документи.

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.

Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »