Менаџер на салон за убавина/фризер

За компанијата: Компанијата ЕСИ (Employment Services International) е присутна на пазарот од мај 2007, како агенција за услуги кои се однесуваат на човечките ресурси. Наша цел е да понудиме комплетни решенија за раководење... повеќе за компанијата »

Emloyment Services International објавува оглас за потребите на свој реномиран клиент, компанија која е странска инвестиција и во чиј склоп е отворен салон за убавина, лоциран во строгиот центар на Скопје на ул. Македонија. Салонот е отворен од 01.07.2019 год. и има 12 вработени. Салонот ги нуди следните услуги: фризерски, козметичарски, маникир-педикир, антицелулитни масажи, мадеро терапија, масажа на тело, освежителни третмани за лице, надградба на коса, уредување на веѓи. 


Огласот е наменет за регрутирање и вработување на:

МЕНАЏЕР НА САЛОНОТ ЗА УБАВИНА/ФРИЗЕР

 

БАРАМЕ:

 

  • Задолжително поседување на минимум 10 годишно работно искуство во областа на фризерството;
  • Диплома за завршено образование од оваа област;
  • Познавање на најмодерните техники во оваа област;
  • Познавање на англискиот јазик;
  • Способност за тимска работа;
  • Развиени лидерски,  комуникациски и интерперсонални вештини;
  • Професионален и одговорен пристап кон работењето.

 

НУДИМЕ:

  • 40 часовна работна недела, со два слободни работни дена во неделата;
  • Вработување на неопределено време;
  • Работа во две смени;
  • Можност за посета на најразлични семинари и обуки;
  • Почетна плата: 25.000,00 ден. 

 

Кандидатите кои ги поседуваат горенаведените квалификации треба да достават своја биографија и да наведат во електронската пошта за која позиција аплицираат.

 

Доколку не бидете одбрани за оваа позиција, Вашите биографии ги чуваме во нашата датабаза со можност за повикување на идни соодветни огласи.

 

Доколку не сакате Вашата биографија да биде сочувана, наведете ја таквата информација во Вашата електронска порака.

 

Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на [најави се за да го видиш е-маилот] и наведете ја позицијата за која аплицирате.

 

ЕСИ (Employment Services International)

ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје

T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
[најави се за да го видиш е-маилот] , www.esi.mk

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »