Медицински претставник

За компанијата: Херба Натура е компанија која е присутна на македонскиот фармацевтски пазар веќе 3 години. Располага со палета од 10 сопствени производи, брендирани со заштитениот бренд Herba Natura. Производите се застапени... повеќе за компанијата »

Херба Натура е компанија која е присутна на македонскиот фармацевтски пазар веќе 3 години. Располага со палета од 10 сопствени производи, брендирани со заштитениот бренд Herba Natura. Производите се застапени во речиси сите аптеки и повеќето продавници за здрава храна и од страна на купувачите се препознаени како исклучително квалитетни и природни производи.

Компанијата има потреба од вработен, согласно подолу опишаното:

 

Опис:

  • Презентација и обезбедување на навремени информации за производите на фирмата, преку посета на аптеки,
  • Соработка, воспоставување и развивање на комуникација со фармацевтите во аптеките,
  • Грижа за веќе дистрибуираните производи во аптеките (видливост на производите, следење на рок на употреба),
  • Дистрибуција на производи до нашите клиенти веледрогерии,
  • Посветеност за зголемување на продажбата,
  • Презентација на производите на промотивни и научни настани од областа на фармацијата и медицината.

 

Потребни квалификации:

  • ВСС или ССС, предност фармација, медицина, стоматологија,
  • Познавање на работа со компјутер (Windows, MS Office),
  • Возачка дозвола Б катергорија,
  • Без работно искуство, но претходно работно искуство на слична позиција ќе се смета за предност,
  • Флексибилност во прифаќање и извршување на работните задачи.

 

Клучни вештини и способности:

  • Комуникациски и презентациски вештини,
  • Исполнување на поставени цели, посветеност и иницијатива.

 

Е-Пошта за доставување на биографија:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Биографија може да се достави најдоцна до 24.01.2018 година

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »