Администратор за царина и логистика

За компанијата: ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851 повеќе за компанијата »

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:

Van Hool е реномиран белгиски производител на автобуси и комерцијални возила, со годишен капацитет на произвoдство од околу 1,400 автобуси и 3,000 комерцијални возила. Van Hool од Белгија е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 60 години Van Hool Белгија има репутација за дизајн и производство на високо квалитетни и современи производи.

Продолжуваме со процесот на селекција на вработени за потребите на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона–Скопје 2, во Бунарџик/Илинден.

РАБОТНА ПОЗИЦИЈА:

АДМИНИСТРАТОР ЗА ЦАРИНА И ЛОГИСТИКА

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Основен оперативен контакт со шпедитерот;
  • Организирање на транспорт за увоз на материјали;
  • Остварување контакт со добавувачите за организирање на транспортот;
  • Организирање на транспорт за извоз на готовиот производ;
  • Следење на транспортот;
  • Следење на трошоците за транспорт;
  • Изработка на документи за евиденција на увозот и извозот;
  • Подготовка и поднесување на барање за издавање на регистарски таблички

ПОТРЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ, ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ:

  • ВСС, Факултет за царина и шпедиција;
  • Претходно работно искуство во производна средина од најмалку 3 години;
  • Активно познавање и користење на софтверот за облагородување (loan system);
  • Способност за работа во динамична работна средина, под притисок и во кратки рокови;
  • Познавање на англиски јазик – напредно ниво (чита, пишува, говори);
  • Познавање на софтверот DCK Data ке се смета за предност

Што нудиме:

  • Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РМ;
  • Можност за професионално усовршување и обука кај еден од најреномираните производители на автобуси;
  • Работа во безбедна и здрава околина со почитување на сите норми за безбедност и здравје при работа;
  • Обезбеден автобуски превоз до работното место и назад;
  • Обезбедена исхрана во современа кантина;

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на www.vanhool.mk, во делот “отворени работни места”.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.

Краен рок за доставување на апликациите: 27/10/2021

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »