ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР

За компанијата: Ние сме брзорастечки, меѓународен бренд со едноставен и успешен деловен модел на квалитет и ниски цени. Ние сме познати по нашите достапни секојдневни производи. Нудиме околу 10.000 различни артикли... повеќе за компанијата »
  • Објавен на 2.2019
  • Bazaro DОО
  • Активен до 28.02.2019
  • Позиција: Програмер/Информатичар
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 02/6137000
  • Веб: www.bazaro.mk

(преземи го огласот во Word)

BAZARO DOO, најголемиот регионален малопродажен ланец за домаќинство, поради отворање на позиција во тимот за маркетинг и управување со производи, распишува оглас за вработување на:

ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР

Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини: 

  • Соодветно образование
  • Познавање на Adobe Photoshop, Adobe Illustrator, Adobe InDesign, Adobe Premiere, Adobe After Effects
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција
  • Солидно познавање на MS office пакет
  • Како предност ќе се земе искуство со изработка на landing страни

Одговорности и работни задачи:

  • Дизајн и графичко уредување на рекламните материјали, летоци и останати маркетинг и промотивни материјали
  • Дизајн и продукција на веб банери за веб страната на Друштвото
  • Создавање креативен визуелен приказ на дизајнот (story board)
  • Обезбедување фотографии со висока резолуција, информации и материјали и нивно прилагодување за дизајн 
  • Подготовка и проследување на податоци до соодветната печатница и проверка на квалитетот на печатењето

 Што нудиме?

  • Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим;
  • Континуирана обука и можност за напредување;
  • Работно време: 08:00-16:00

Доколку сте заинтересирани за работната позиција, а воедно го поседувате потребното образование, работно искуство, квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи на работното место, испратете ја Вашата кратка биографија на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака:  “Оглас за Графички дизајнер”

Огласот е активен до 28.02.2019 година.

Општи правила за аплицирање:

  • Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот).
  • Назнака на позицијата за која се аплицира
  • Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во BAZARO DOO или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »