Медицински соработници / претставници – 3 работни места

  • Објавен пред еден месец
  • Vita-BiM DOO Skopje
  • Активен до 15.06.2024
  • Позиција: Фармацевт/Фармацевтски техничар
  • Локација: Цела Македонија

(преземи го огласот во Word)

МЕДИЦИНСКИ СОРАБОТНИЦИ / ПРЕТСТАВНИЦИ – 3 РАБОТНИ ПОЗИЦИИ

Компанијата Вита-Бим ДОО Скопје,директен застапник за реномираната компанија VITABIOTICS, Лондон, Велика Британија, сака дополнително да го зајакне и имунизира својот тим со следниве работни позиции:

Медицински соработници / претставници

-Стручен медицински соработник (м/ж) за регион Тетово -1 работна позиција (со познавање Албански јазик)

-Стручен медицински соработник (м/ж) за регион Југо-Западна Македонија -1 работна позиција

-Стручен медицински соработник (м/ж) за регион Југо-Источна Македонија -1 работна позиција

Одговорности:

• Спроведување на предвидените маркетинг активности- промоција и презентација на производи

• Посета на лекари и фармацевти во зададениот регион

• Пстојан професионален развој и стручно унапредување

Потребни квалификации:

- Универзитетска диплома VII степен (фармација, стоматологија, ветерина, биологија, био-хемија, био-технологија и слично)

- Одлични организациски способности,комуникациски вештини и вештини на планирање

- Валидна возачка дозвола (Б-категорија,активен возач)

Профил на идеалниот кандидат:

- Место на живеење: според горенаведениот регион

- Подготвен за патување, тимски играч,ориентиран кон резултати и со големи очекувања

- Работно искуство (на иста или слична позиција) ќе се смета за предност

Компанијата ќе ви овозможи:

- Можности за градење на кариерата во успешна мултинационална компанија која брзо расте

- Креативна работа со висококвалитетни производи,пријатна и интересна работна средина

- Обезбедено службено возило

Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим, потребно е да испратите кратка биографија (CV) на македонски или на англиски јазик, најдоцна до 13.06.2024 година на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сите пристигнати апликации ќе се третираат како строго доверливи.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »