
- Објавен на 1.2017
- Inovatika DOO
- Активен до 31.01.2017
- Позиција: Програмер/Информатичар
- Локација: Скопје
(преземи го огласот како слика)

Иноватика ДОО, во соработка со Xplorify GmbH – Austria, има потреба од проширувње на тимот. За таа цел има потреба од практикант кој би сакал да го надогради своето знаење со работа на практичен проект. Поконкретно, обврските на кандидатот ќе бидат поврзани со работа на проектот Xplorify - едукативна платформа за онлајн курсеви во живо.
Работниот ангажман за време на праксата опфаќа 40 часовна работна недела со флексибилно работно време.
ШТО БАРАМЕ?
• Завршени студии или на завршна година на ФИНКИ или друг факултет за компјутерски науки.
• Високо разбирање на компјутерските концепти како алгоритми, дата структури и датабази
• Основно познавање на ООП и технологии како што се: JavaScript, C#
• Посветеност кон работата, технолошка љубопитност и подготвеност за усовршување
• Способност за индивидуална и тимска работа
• Динамичен/а. Иницијативен/а и насочен/а кон резултати
ШТО НУДИМЕ?
- Тримесечна платена пракса од дома (online)
- Можност за вработување по завршување на праксата
- Позитивна работна атмосфера со отворена комуникација
- Работење со високо-мотивиран тим и околина која овозможува многу можности за професионално надградување.
- Усовршување со Веб Технологии (NodeJS, WebPack, ReactJS и др.) како и технологии за комуникација во реално време (WebRTC, WebSockets, AJAX)
- Изработка на реален практичен проект со примена на претходно научените технологии
Огласот важи за кандидати од цела Македонија.
Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ.
Заинтересираните кандидати можат да ја испратат својата професионална биографија со назнака на апликацијата: „Програмер - Практикант“ во Subject на следната е-маил адреса:
[најави се за да го видиш е-маилот]
http://inovatika.net
http://xplorify.mk
Kонтакт тел. +389 (78) 246468
Слични огласи »