Се бараат анкетари

Market Vision е компанија која постојано спроведува истражувања на пазарот на најразлични теми. Од тие причини ни се јавува потреба од ангажирање на анкетари од Скопје и останатите градови на Македонија што ќе вршат анкети на терен.

Бараме соработници кои ќе имаат сериозен и одговорен пристап кон работата, кои се спремни да жртвуваат дел од своето слободно време и ќе бидат исполнителни во поглед на зададените рокови и упатства.

Нудиме работа во сериозна компанија со богато истражувачко искуство во која можете да стекнете искуство и работни принципи кои би ви користеле во понатамошниот професионален развој.

Висината на Вашиот хонорар зависи исклучиво од Вашиот ангажман. Плаќањето се врши по учинок (број на правилно пополнети анкети) додека цената на една анкета зависи од нејзината обемност и комплексност. Колку повеќе се залагате, толку поголем број на анкети ќе завршите и Вашиот хонорар ќе биде повисок.

Доколку сте заинтересирани, пополнете ја апликацијата на следниов линк:

https://www.surveymonkey.com/r/J8STX3W

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »