За компанијата: Триглав Осигурување АД, Скопје, лидер на пазарот на неживотно осигурување и дел од најголемата осигурителна и финансиска групација во регионот Адриа, со повеќе од 5 000 вработени. Како Групација, фокусирани...
повеќе за компанијата »Како Групација, фокусирани сме на креирање на исклучително корисничко искуство за сите инволвирани страни, вклучувајќи ги и вработените. Развиваме организација со разбирање за тековните трендови и социјални аспекти, во кои што ги интегрираме предностите, стекнати со долгогодишната традиција. Спремно се вклучуваме и ги поддржуваме решенијата на предизвиците на денешницата, со кои што како општество се соочуваме и градиме кооперативна и агилна култура, со посебен акцент на континуиран развој, надградба и усовршување на вработените, кои се нашата движечка сила.
Нудиме динамична работа, во индустрија, која што во светски рамки забрзано се развива во технолошка смисла и нуди одлични предизвици и потенцијал. Ќе работите во интернационална околина, со можност за континуиран личен и стручен развој, постојано стручно усовршување преку учество на специјализирани курсеви за надградување на знаењето и споделување на добри пракси во рамки на групацијата. Ќе имате можност за работа со современи технологии и непрекинато стекнување нови знаења, како и континуирана соработка на проекти во интернационална околина.
ОДГОВОРНОСТИ НА РАБОТНОТО МЕСТО:
Врши активација (тарифрање) на полисите и анкесите по спроведената контрола и евидентирање на полисираната премија и прекините на полисите;
Врши поставување (евидентирање) и решавање на рекламации по полиси и анкеси;
Врши споредба, преуредување и сторнирање на евиденцијата во компјутерскиот програм со доставената документација;
Врши и други работи и задачи по налог на претпоставените лица на кој е непосредно или посредно одговорен за својата работа.
МЕСТО НА РАБОТА:
Седиштето на Друштвото.
БАРАЊА ЗА РАБОТНОТО МЕСТО:
- Средно образование, но предност ќе имаат кандидати со високо образование;
- Основни познавања од подрачјето на осигурување;
- Солидно познавање на Microsoft Office;
- Комуникациски вештини;
- Самоиницијативност, посветеност, претпазливост, одговорност, способност за аналитичко размислување;
- Подготвеност за континуирано стручно усовршување.
Доколку сте заинтересирани за предметната работна позиција, може да аплицирате преку линкот во прилог:
http://triglav.force.com/pdm/OJP_ExtViewOJPSLO?k=6mz&id=a0NTX000004MXPd
Слични огласи »