(преземи го огласот во Word)
Оглас за вработување
на Референт за средства – позадинска обработка во
Служба за плаќања и кредитна администрација
во Силк Роуд Банка АД Скопје
СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.
Банката вработува РЕФЕРЕНТ ЗА СРЕДСТВА – ПОЗАДИНСКА ОБРАБОТКА во Служба за плаќања и кредитна администрација.
Дел од работните задачи на референт за средства – позадинска обработка во Служба за плаќања и кредитна администрација се следните:
- Поддршка на активностите произлезени од Служба за средства;
- Грижа за непрекинато функционирање на процесите и внес на трансакции во централниот банкарски систем;
- Подготовка и достава на девизните извештаи до регулаторните тела;
- Следење на девизните трансакции и порамнување на ностро сметките на банката;
- Системско евидентирање и следење на орочените депозити на правните лица;
- Контрола и порамнување на сметководствена евиденција на контата во рамки на областа на задолженијата.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:
- Минимум средно образование, по можност универзитетска диплома;
- 1 (една) година искуство пожелно, по можност во банкарски сектор
- Познавање на MS Office;
- Многу добро познавање на англискиот јазик;
- Добри организациски вештини;
- Високо ниво на комуникациски вештини;
- Добри аналитички вештини;
- Адаптибилност;
- Спремност да се почитуваат и активно поддржуваат вредностите на банката.
Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака за “референт за средства – позадинска обработка”, најдоцна до 21.06.2023 година.
Ве молиме во Вашите апликации не доставувајте сензитивни податоци како националност, вероисповест како и детали за вашиот приватен живот.
Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју или тестирање.
Сите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Со доставувањето на Вашата апликација ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги обработува Вашите лични податоци за потребите на процесот на вработување.
Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото до Офицерот за заштита на лични податоци на e-mail адресата [најави се за да го видиш е-маилот]