ПОЛИЕСТЕРДЕЈ ДООЕЛ СКОПЈЕ лого

Оператор за лепење фолии

За компанијата:

Најголемиот принт центар во Македонија, Polyesterday, со брзо темпо го продолжува својот раст. Тимот од стручни, посветени и способни кадри се клуч на нашето успешно работење и достигнување.

повеќе за компанијата »

Ние сме Polyesterday,  најкомплетниот принт центар во регионот. Позади најголем дел од излозите, брендираните возила или големите рекламни панели низ Македонија, стои нашиот тим.

Ако имаш „око за детали“ и сакаш динамична работа каде што финалниот резултат од твојот труд е веднаш видлив, имаме место за тебе!

Како ќе изгледа твојот работен ден:

  • Подготовка: средување на печатените материјали пред тие да излезат на терен.
  • Активна теренска работа: прецизно лепење и аплицирање на ПВЦ фолии на излози, возила и рекламни конструкции.
  • Тимска акција: соработка и меѓусебна поддршка со колегите при секојдневните монтажи.

Што очекуваме од тебе:

  • Имаш минимум средно образование.
  • Имаш „мирна рака“, одговорен си кон задачите и сакаш да работиш во тим.
  • Искуството во лепење фолии е голем плус, но најважна е желбата за работа. Ако си спремен да учиш, ние сме спремни да те научиме на „занаетот“!

Што ти нудиме ние:

  • Работа во стабилна компанија со долгогодишно искуство.
  • Обука и можност за професионален развој.
  • Пријатна работна атмосфера и тимска поддршка.
  • Колективно осигурување во случај на незгода.
  • Работна униформа согласно работното место.
  • Безбедни услови за работа според највисоки стандарди.
  • Обезбеден превоз до работното место.
  • Навремена исплата на плата, додатоци на плата – минат труд и К-15.

Заинтересираните кандидати можат да достават кратка биографија (CV) на email адресата: hr@polyesterday.com.mk  со наслов: “за работна позиција -  Оператор за лепење фолии”.

 

Веб сајт:

www.print.mk

www.polyesterday.com.mk

 

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »