Комуна.дев лого

Technical Support (Level 2)

За компанијата: Компанија за развој на софтверски решенијa повеќе за компанијата »

Комуна.дев бара техничар за ИТ поддршка (ниво 2). Софтверот на кој што работиме е веб апликација за афилиејт маркетинг.

Работата вклучува комуницирање со бизнис корисници кои ја користат нашата апликација, дијагностицирање на проблеми, и правење интеграции со надворешни АПИ сервиси. Интеграциите се кодираат во PHP/Laravel, и бараат основно познавање од програмирање и датабази.

Комуникацијата со клиентите се одвива преку Скајп чет канали и Џира тикети. Понекогаш има и видео повици.

Работното време за прва смена е од 9:00 до 17:00, со доза на флексибилност.

Еднаш во неделата, наместо прва смена, се работи втора смена, од 16:00 до 22:00 (6 часа).

Работа од дома е дозволена, после првите неколку месеци на адаптација. Викенди не се работат.

 

Потребни квалификации:

  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Способност за пристојна комуникација со клиенти, дури и во стресни ситуации
  • Аналитички вештини
  • Основни програмерски вештини
  • Снаоѓање во информациски системи

 

Бонус вештини:

  • Претходно работно искуство со афилиејт маркетинг
  • Претходно работно искуство во техничка поддршка
  • Ппознавање на HTTP протокол
  • PHP
  • SQL

 

Пријава на: jobs[at]komuna.dev
(не ги пратам пријавите преку кариера.мк и други сајтови, на меил пишувајте)

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување » барај останати огласи »