
- Објавен на 7.2018
- СЕГ Холдинг
- Активен до 31.07.2018
- Позиција: Останато
- Локација: Скопје
Консултантската куќа СЕГ Холдинг, за потребите на проект финансиран од Европската Унија за прекугранична соработка Македонија – Албанија со наслов “Заштита на екосистемот во прекуграничниот регион Охрид-Преспа” за период од 1 август 2018 до 31 декември 2019 година, објавува оглас за:
Работна позиција:
Проектен асистент
Локација: Скопје со повремени патувања во пограничниот регион меѓу Македонија и Албанија (регион Охрид-Преспа)
Времетраење на ангажманот: определено на 17 месеци, со можност за продолжување (полно работно време)
Клучни работни обврски:
- Управува со административното и канцелариското работење на СЕГ Холдинг за потребите на проектот;
- Управува со архивата и архивското работење на организацијата на СЕГ Холдинг за потребите на проектот
- Обезбедува логистичко – техничка поддршка во СЕГ Холдинг
- Подготвува повици / опис на надлежности за избор на надворешни добавувачи во согласност со правилата на ЕУ / домашните регулативи / интерни процедури на СЕГ Холдинг;
- Го планира и следи оперативниот буџет на СЕГ Холдинг за работење на Проектот;
- Подготвува наративни и финансиски извештаи за проектот, записници од активностите, листа на финансиски документи и др.
- Го следи напредокот на проектот согласно планот за набљудување и оценка на проектот;
- Планира, следи, спроведува, координира и извршува други задачи во врска со: канцелариски простор, опрема, инвентар, пошта и телекомуникации
- Врши други работи поврзани со спроведувањето на проектот: комуникација со проектните партнери, комуникација со засегнатите страни и целни групи, итн.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Високо образование
- Работно искуство со проекти финансирани од ЕУ, најмалку 2 години
- Солидно познавање на Microsoft Office апликации (Word, Excel, Outlook, Power Point)
- Одлично познавање на англискиот и македонскиот јазик, усна и писмена комуникација
- Одлични организациски вештини (организација на работа, настани и сл.).
Секој заинтересиран треба да поднесе:
- Потврда за завршено високо образование;
- Кратка биографија на македонски или англиски јазик;
- Потврда за познавање англиски јазик. Предност ќе имаат кандидати со знаење локални јазици;
- Писмо за интерес со наведување на детали од претходни работните обврски по позиции;
- Референци од претходни работни места.
Вашите документи потребно е да ги испратите на следната електронска адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] до 31.07.2018 (петок) година до 15:00 часот, со наслов “Апликација за Проектен асистент“.
Слични огласи »