За потребите на својот клиент, Profil Group објавува оглас за работната позиција:
Инженер за продажба
Главни работни задачи:
- Истражување на пазарот;
- Промовирање, презентирање и продажба на производите и услугите на компанијата;
- Анализа на барањата на клиентите и предлог на соодветни решенија за потребите на истите;
- Градење на деловни релации со нови клиенти и водење грижа за веќе постоечките клиенти;
- Подготовка на тендерска документација;
- Подготовка на неделни, месечни и годишни извештаи за сопственото работење;
- Активно учество и придонес во развојот на компанијата.
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование - Машински факултет
- Познавање од областа на енергетика и хемија;
- Компјутерска писменост;
- Познавање на Англиски јазик;
- Комуникациски и презентерски вештини;
- Способност за тимска работа;
- Возачка дозвола Б категорија;
- Искуство во продажба ќе се смета за предност
Доколку сметате дека одговарате на горенаведениот опис, а сте во потрага по стабилна компанија која нуди сигурност, Вашето CV испратете го на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака “Машински инженер за продажба”.
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.