Junior .NET Developer

Junior .NET developer

Бараме Junior .NET програмер за развој на софтвер со користење на јазици и технологии од .NET framework-от. Избраниот кандидат ќе работи под менторство на искусни колеги, ќе развива нови апликации и ќе одржува постоечки апликации.

Од идеалниот кандидат очекуваме да има желба за учење и да биде тимски играч со развиени комуникациски вештини. Доколку имаш страст за работа со .NET технологии и се пронаоѓаш во описот на работното место тогаш би сакале да те запознаеме.

Одговорности:

  • Развој на софтверски апликации според спецификација
  • Дебагирање, идентификување и решавање на проблеми во код
  • Соработка со интерните тимови при дизајнирањето и имплементацијата на софтверските решенија
  • Креирање на документација за време на целиот животен циклус на развој на софтверот

Потребни квалификации:

  • Со или без работно искуство со .NET технологии (C#)
  • Основно познавање на релациони бази на податоци (MS SQL Server)
  • Желба за учење

Што нудиме:

  • Менторство од членови на искусен тим
  • Можност за посета на голем број курсеви
  • Можност за сертификација

Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат условите може да го испратат своето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака „Семос вработување“.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »