Офицер за заштита на лични податоци

За компанијата: Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна... повеќе за компанијата »

Поради проширување на својот тим, имаме потреба од:

Офицер за заштита на лични податоци

Работни должности и одговорности:

  • Следење и  почитувањето на прописите за заштита на личните податоци
  • Обезбедување на  внатрешна усогласеност на прописите за заштита на лични податоци
  • Подигнувањето на свеста на вработените за сериозноста на Законот за заштита на лични податоци
  • Вршење ревизија, контрола и проверка на почитување на прописите за заштита на личните податоци кон другите субјекти во компанијата
  • Идентификација и решавање на проблемите во раните фази на развој на новите системи и новите продукти
  • Давање конкретни совети и следење дали истите се прифатени
  • Изготвување целосна документација согласно Законот за лични податоци
  • Водење на евиденција на Збирки за лични податоци
  • Координација со сите назначени одговорни лица од секторите во компанијата
  • Обуки на вработените претставници на секторите
  • Вршење на сродни работи

Квалификации

  • Дипломиран правник
  • 5 години работно искуство во правната свера. Искуство во областа на заштита на личните податоци претставува предност.
  •  Напредно познавање MS Office (Excel, Word, Power Point);
  •  Одлично познавање деловен англиски јазик;
  • Мотивација за работа во динамична работна околина и работа во тим .

Доколку  сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување, како и професионални компетенции за успешно да работите во областите наведени погоре, Ве молиме испратете пропратно писмо и биографија на македонски јазик со ознака Офицер за заштита на личнии податоци  на  [најави се за да го видиш е-маилот] . Само кандидатите кои во целост ги исполнуваат критериумите ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »