Комунукациски службеник

(преземи го огласот во Word)

Здружение на бизнис жени

Вработува Комунукациски службеник

Здружението на бизнис жени вработува комуникациски службеник, за потребите на проектот „Национална платформа за женско претприемништво“, кофинансиран од Европската Унија. Комуникацискиот службеник ќе биде одговорен за целокупните активности поврзани со медиумите и видливоста на проектот.

Одговорности:

  • Да ​​спроведува организација на промотивни активности и да го следи напредокот на активностите за видливост
  • Да ​​испланира ПР активности кои ќе го промовираат спроведувањето на проектот и постигнатите резултати од проектот
  • Да ​​обезбеди релевантни и постојано достапни промотивни материјали за проектот на македонски и англиски јазик
  • Да се ​​осигура дека јавноста и сите и крајни корисници се навремено запознаени и навремено информирани за спроведувањето на проектот и неговите активности.
  • Да ​​обезбеди навремен и релевантен проток на информации и консултации со соодветните субјекти во врска со проектните активности
  • Да се ​​обезбеди развој на ПР-материјал за проектот и дистрибуција на развиен ПР-материјал до соодветните субјекти
  • Да ​​развива месечен ПР-материјал за имплементација на проектот
  • Редовно ажурирање на FB, Twitter и LinkedIn страницата со релевантни информации поврзани со имплементацијата на проектот
  •  Да овозможи проектот да биде широко присутен во дигиталните, онлајн и традиционалните медиуми
  • Да споделува промоција на успешни приказни, материјали за учење, и слични активности и информации на веб-страница на проектот
  • Да споделува и промовираа дискусии за ЖП, подкасти за жени претприемачи и слични активности и информации на веб-радио на проектот
  • Да споделува видео материјали од настани и активности, вклучително и интервјуа и настани
  • Да споделува информации од проектот и за потребите на целните групи, особено погодни за помагање на жени во оддалечени области преку мобилната апликација на проектот
  • Да изработува​​ шестмесечен електронски билтен за проектот што ќе ги содржи главните  резултати постигнати во опфатениот период и широка дистрибуција до целните групи и сите други релевантни чинители
  • Да организира прес-конференции секогаш кога е соодветно за обележување на важните настани на проектот
  • Да доставува извештаи за својата работа на месечно, полугодишно и годишно ниво
  • Да ​​воспостави и одржува соработка со сите релевантни субјекти за целите на проектот (институции, локална власт, организации на граѓански организации, училишта, експерти, едукатори итн.)
  • Да ​​реагира во случај на несоодветно/ненавремено спроведување на проектните активности како што е предложено со планот
  • Да ​​контролира дали целата произведена проектна документација е точна и во согласност со плановите на проектот.
  • Редовно доставување на месечни извештаи
  • Да дава предлози и покренува иницијативи за подобро спроведување на проектот
  • Да учествува во донесување одлуки што се во најдобар интерес на проектот
  • Да ​​обезбеди соодветно спроведување на прирачникот за видливост на ЕУ

Квалификации:

  1. Знаење од областа на дигиталниот маркетинг, дигиталните алатки и социјалните медиуми
  2. Напредно познавање на англиски јазик
  3. Одлично познавање на MS office;
  4. Претходно работно искуство во граѓанско сектор / новинарство или слична работна позиција.

* Високо образование ќе се смета за предност (пожелно)

Лични карактеристики и вештини:

- Лидерски способности;

- Професионализам и посветеност;

- Комуникациски вештини;

- Работа со кратки рокови;

- Транспарентност;

- Тимска работа;

- Лојалност кон организацијата и нејзините цели;

- Вештини за презентација;

- Вештини за преговори;

- Посветеност на целните групи.

Работни денови: понеделник - петок

Локација: Скопје

Рок и начин на апликацирање:

Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следниве документи:

- Кратка биографија;

- Мотивациско писмо;

Сите апликации треба да пристигнат по е-пошта на следнава адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] со предмет: Апликација за комуникациски службеник. Крајниот рок за доставување е 19.04.2021 година.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »