Супервизор за продажба

За компанијата: HR 2 UNLIMITED е еден од водечките даватели на услуги со човечки ресурси во Северна Македонија и Западен Балкан, присутен во повеќе од 9 земји со свои претставници, со над 12 години искуство. Во последниве... повеќе за компанијата »
  • Објавен на 5.2021
  • HR 2 Unlimited
  • Активен до 05.06.2021
  • Позиција: Персонал во продавница/Касиер
  • Локација: Скопје
  • Веб: hr2unlimited.com/

За нашиот клиент, реномиран производител на млечни производи, бараме:

СУПЕРВИЗОР ЗА ПРОДАЖБА

ОПИС НА РАБОТНИТЕ ЗАДАЧИ:

  • Организација, управување, усовршување и мотивација на вработените, со цел обезбедување на целосна поддршка и квалитетна услуга на купувачите;
  • Стратегиско координирање и менаџирање на дневните активности на вработените;
  • Имплементација на тековните и идните планови на компанијата и развивање стратегии во согласност со истите;
  • Постојано следење на пазарот и пазарната позиција на компанијата и нејзината конкуренција;
  • Контрола на извршувањето на активностите на комерцијалистите и дистрибутерите на терен.

КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Образование: ВСС
  • Возачка дозвола: Б категорија(активен возач)
  • Познавање на Aнглиски јазик ( предност Турски Јазик)
  • Познавање на работа со компјутер
  • Работно искуство на иста или слична позиција минимум 5 години

ОЧЕКУВАНИ ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ:

  • Развиени организациски, лидерски, комуникациски и преговарачки вештини;
  • Самоиницијативност и лојалност во извршување на работните задачи;
  • Ориентираност кон остварување резултати и наоѓање решенија;
  • Способност за развивање иновативни стратегиски решенија за комплексни проблеми и нивно извршување;
  • Професионален и позитивен однос;
  • Способност за тимска работа, како и работа во динамична средина;
  • Иницијативност, аналитичност, енергичност и целосна посветеност на работата;
  • Организираност, одговорност, доверливост.

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови,  своите професионални биографии можат да ги проследат на: [најави се за да го видиш е-маилот]

При апликација ве молиме наведете ја позицијата за која аплицирате.

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 28/05/2021

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »