Доставувач - Куманово

За компанијата: Hello Post - најдобрата и најголема компанија за достава во Македонија! Hello Post нуди достава на писма, пакети и габаритни пратки. Hello Post има канцеларии во 36 градови низ Македонија и секојдневно ја опслужува целата земја! Најдобар партнер за било кој бизнис, домаќинство, е-трговија... повеќе за компанијата »
  • Објавен пред 3 недели
  • Хелло Пост ДООЕЛ
  • Активен до 26.11.2021
  • Позиција: Дистрибутер/комерцијалист/набавки
  • Локација: Куманово

Активни огласи од Хелло Пост ДООЕЛ:

Магационер - Доставувач - Струмица - Курир - Доставувач - Неготино

(преземи го огласот во Word)

Најголемата специјализирана компанија за достава во Македонија, објавува оглас за следната работна позиција во Куманово:

ДОСТАВУВАЧ за реон Куманово

Квалификации:

  • Минимум средно образование
  • Солидно познавање на градот и околните места
  • Искуство со теренска работа
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Искуство со користење на мобилен уред

Опис на работни задачи:

  • Достава на пратки на терен, со користење на службено возило, службен велосипед или мопед и достава на поштенски пратки пеш.
  • Активно пребарување на теренот во врска со дополнителните информации и податоци за адресите и известување за истите со пополнување на извештаи и останати потврди за извршена достава
  • Преглед на извештаите на дневна база
  • Активна поддршка на тимот во дадениот реон
  • Грижа за опремата за работа
  • Предавање и примање на поштенските пратки, писма и пакети
  • Одржување и архивирање на документација

Доколку сакате предизвик, лесно се прилагодувате, имате позитивен и професионален пристап кон работата Ве молиме испратете ја Вашата апликација (CV)  преку полето АПЛИЦИРАЈ, со назнака „ Достава Куманово” во насловот на пораката.  

Напомена:

  • САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
  • Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!
  • Потребно е кандидатот да е со место на живеење за реонот за кој аплицира.