Административен асистент(ка)

За компанијата: Компанијата е основана во 1991 год. во Скопје и иницијално се занимава со увоз и извоз на стоки од широка потрошувачка. Во 1996 год. за прв пат доби можност да врши увоз, дистрибуција и продажба на производите... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Алма - М ДООЕЛ:

Сервисер на фрижидери

Ние во Алма-М веќе 29 години сериозно ги проучуваме и подготвено ги пречекуваме сите промени и новости кои доаѓаат, преку развој, дејствување и трансформација на бизнисот, носејќи нови квалитети за нашите клиенти. Посветуваме посебно внимание на развој на човечките ресурси. Привлекуваме, развиваме и задржуваме најдобри професионалци и наградуваме за нивните резултати.

 

 

Алма – М ДООЕЛ

Качанички пат бр.65а, Скопје

www.alma-m.mk

е-пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]

објавува ОГЛАС за следната работна позиција:

 

АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ(КА)

Датум на објава:

23 Ноември 2020

Рок за пријавување до

29 Ноември 2020

Број на оглас:

О-201123-А-А

Сектор:

Администрација

Локација / Регион:

Скопје

Супервизор:

Национален менаџер за продажба

 

Работни задачи:

  • Подготвува извештаи за Клучни индикатори на успешност (KPI) за: дневна, неделна, месечна, квартална, годишна и повеќегодишна продажба,
  • Креира извештаи за евалуација на продажба (резултат VS план) по Клучни индикатори на успешност,
  • Работи со целокупен тим за продажба,
  • Поддржува и гради тимски дух и решава проблеми во интерес на работата,
  • Генерира ад-хок извештаи за продажба, маркетинг акции, наплата, долгови и т.н.,
  • Изработува и други извештаи и работи по барање на менаџментот на Алма-М.

 

Потребни квалификации и вештини:

  • Минимум високо образование,
  • Напредно познавање и работа со Мајкрософт Ексел,
  • Напредни способности за проценка на групи на податоци и идентификување на модели/ шаблони,
  • Поседување силни математички вештини и ориентираност кон детали,
  • Висока способност да размислување и истражување независно, аналитички и креативно,
  • Способност за мултитаскинг при анализа на податоци,
  • Ефикасно управување со време,
  • Чувствува комоција во околина со брзо темпо на работа,
  • Организирана, динамична, проактивна, мотивирана и стабилна личност насочена кон резултати,
  • Способност за индивидуална и тимска работа,
  • Одлична комуникација и професионално однесување,
  • Познавање Англиски јазик,
  • Позитивен однос кон промени.

.

Потребно искуство:

  • Претходно работно искуство на иста позиција ќе се смета за предност.

 

Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават на следната e-пошта:

[најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.

 

Напомена:

  • Работниот однос се заснова на определено време од 3 месеци, период на докажување на способности, со можност за продолжување.
  • САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
  • Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
  • Дневно работно време е претпладне, од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок.
  • Рок во кој ќе се изврши изборот – доколку на огласот се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
  • Ве молиме без телефонски јавувања

 

АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »