Возач со искуство

Плата од 21.000 ден. до 22.000 ден.

Вип Сервис (https://vipservice.mk/), компанија со високо професионален и искусен персонал, посветена на организирање и навремена испорака на патници има потреба од возач со работно искуство. 

  • Опис на работното место​​:

    • Управување со моторно возило со уредна документација
    • Навремено, совесно, одговорно и професионално извршување на работните задачи
    • Одржување на исправноста и хигиената на возилото
    • Други задачи доверени од страна на одговорното лице

Ние нудиме:

  • Почетна плата 21.500 ден + бонус
  • Пријатна работна атмосфера
  • Обезбедени услови за работа со сите потребни материјално-технички средства.

Потребни квалификации:

  • Поседување возачка дозвола Б категорија
  • Познавање на англиски јазик (дополнителен интернационален јазик ќе се смета за предност)
  • Способност за работа со динамично темпо и со временски рокови
  • Амбициозност и посветеност на работата
  • Работно искуство ќе се смета за предност

Сите заинтересирани кандидати може да ни испратат CV.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »