(преземи го огласот во Word)
Авицена Лабораторија, сертифицирана и акредитирана лабораторија согласно стандардот MKC EN ISO 15189:2022 објавува
Oглас за позицијата: Доставувач на медицински лабораториски материјал (1 извршител)
Опис на работната позиција:
Доставувачот на медицински лабораториски материјал е одговорен за безбедна и навремена достава на медицински материјали.
Вработениот на оваа работна позиција е одговорен за терен во Скопје и градови низ Македонија и покажува високо ниво на професионалност во односот со соработниците како и почит и трпеливост во интеракциите со пациентите.
Потребни квалификации:
- Завршено минимум средно образование
- Работно искуство на слична позиција ќе се смета за предност
- Возачка дозвола – Б категорија (активен возач)
Работни одговорности:
- Преземање, транспорт и навремена достава на медицински материјал до лабораторијата;
- Внимателно ракување со материјалите и почитување на безбедносни протоколи;
- Одржување на возилото во добра техничка состојба и грижа за хигиената;
- Комуникација со колеги и клиенти со висок степен на професионалност.
Потребни вештини и способности:
- Добри комуникациски и организациски способности
- Дисциплина и лична одговорност во работењето
- Почитување на работните обврски и способност за работа во динамични услови
- Способност за менаџирање со време согласно своите задолженија
- Следење на иструкции и процедури за работа
Работно време од 40 часа неделно, од 08:00 до 14:30/08:00 – 16:00 часот, како и сабота во зависност од интерната организација и работното време на лабораториите.
Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим, Ве молиме доставете ја вашата професионална биографија на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака “за оглас за Доставувач на медицински лабораториски материјал ” или на бул. ,,8-ми Септември” бр. 2, лок. 1, Скопје во рок од 7 (седум) работни дена, односно од 22.06.2026 година до 30.06.2026 година.
Изборот за соодветен кандидат ќе се врши во рок од :
доколку се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот се врши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место, изборот се врши во рок од 90 дена и
над 500 кандидати за едно работно место, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
Напомена: ПЗУ Авицена лабораторија Скопје сите апликации за вработување ќе ги третира како строго доверливи. Согласно Законот за заштита на личните податоци со самото доставување на Вашата апликација за работа, согласни сте Вашите лични податоци да бидат користени во процесот на регрутација и селекција на кадри во компанијата, кое гарантира дека освен за наведената цел Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел, ниту пак достапни на трети лица и воедно напоменуваме дека сите апликации ќе бидат чувани 6 месеци, сметано од денот на нивниот прием, освен во случај кога апликанотот писмено ќе побара истите да бидат избришани пред истек на утврдениот рок.
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.