
За компанијата: Зотокс ДООЕЛ – Скопје е компанија со повеќе од 20 години искуство во областа на дезинфекција, дезинсекција, дератизација и фумигација, која обезбедува професионални услуги за правни и физички лица.
Како...
повеќе за компанијата »Зотокс ДООЕЛ – Скопје е компанија со повеќе од 20 години искуство во областа на дезинфекција, дезинсекција, дератизација и фумигација, која обезбедува професионални услуги за правни и физички лица.
Како стабилна и развојно ориентирана компанија, Зотокс работи со современи средства и технологии, согласно важечките стандарди, со фокус на квалитет, безбедност и долгорочна доверба со клиентите.
Компанијата нуди работа во динамична и одговорна работна средина, каде што се вреднуваат посветеноста, дисциплината и индивидуалниот придонес, со можност за професионален развој и напредок.
Доколку сте мотивирани, одговорни и подготвени за теренска работа, ова може да биде можност за вас.
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Теренски техничар за дезинсекција, дератизација и дезинфекција (ДДД)
Опис на работата:
- Извршување третмани за заштита од инсекти и глодари
- Работа на терен кај правни и физички лица
- Работа со современи средства и технологии во областа на контрола на штетници
- Водење основна евиденција за извршените услуги
- Одржување на опрема и службено возило
Потребни квалификации:
- Минимум средно образование
- Возачка дозвола Б категорија
- Одговорност и сериозен пристап кон работата
- Комуникативност и коректен однос со клиенти
- Подготвеност за теренска работа
Ќе се смета за предност:
- Претходно работно искуство во ДДД или сродна дејност
- Искуство со теренска или техничка работа
- Завршено средно образование од хемиска или сродна струка
Нудиме:
- Редовен работен однос
- Обука и можност за стручно усовршување
- Можност за дополнителен бонус врз основа на учинок
- Службено возило и опрема
- Стабилна и долгорочна работа во компанија со долгогодишно искуство
Бараме лице кое е подготвено за долгорочен ангажман и сериозен пристап кон работата.
Начин на пријава:
Испратете CV на: [најави се за да го видиш е-маилот]
Контакт телефон: 070 317 576
Слични огласи »