Работник во производство - КАЗАНЏИЈА

За компанијата: МАКСТИЛ е регионален лидер во производството на топловалани дебели лимови. повеќе за компанијата »

Активни огласи од Макстил АД Скопје:

Дигалкар - Леар - Машински техничар - Електро инженер - Електричар

ОГЛАС

Обезбедено приватно здравствено осигурување и напредок во кариерата согласно личните постигнувања, месечни и квартални бонуси за безбедно и одговорно работење, исплата на максимален износ на регрес за годишен одмор, обезбедена стабилна и сигурна работа со почитување на сите законски одредби. Ова се само дел од поволностите кои ги нудиме.

Нашата компанија, Макстил АД Скопје (www.makstil.com) е дел до глобална групација, со долгогодишна традиција и репутација на светскиот пазар во металопреработувачката индустрија. Ова ни овозможува да нудиме најдобри услови за работа на нашите вработени.

Во моментов, во рамки на нашиот тим за Производство, отворено е следново работно место:

Работник во производство - КАЗАНЏИЈА

Опис на работно место:

  • Подготвување на ливен казан согласно работни упаства и процедури;
  • Ракува со хидрауличен механизам за затварање и отварање на ливните казани;
  • Работи со кислороден вентил со претходна подготовка на цевки за пропалување на изливникот, школката и аргонскиот сет;
  • Сече берни во ливен казан;
  • Ги чисти агрегатите и постројките во ливна хала;

Работни услови: Работа во три смени.

Потребни квалификации:

  • III или IV степен на стручна подготовка;
  • Со и без работно искуство;
  • Способност и желба за тимска работа;
  • Флексибилност, адаптибилност и способност за работа во динамично опкружување;
  • Самоиницијативност и посветеност.

Доколку сакате да станете дел од нашиот тим и имате искрена желба за учење на нови работи, испратете ја вашата кратка биографија по електронски пат на [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака за работното место за кое аплицирате, најдоцна до 02.06.2023 година.

Макстил АД Скопје обезбедува еднакви можности за вработување на сите кандидати и води посебна грижа за заштитата на лични податоци и за доверливоста на Вашата апликација.

Согласно Законот за заштита на лични податоци вашата апликација и податоците ќе се користат исклучиво за потребите за вработување за работното место Работник во производство - Казанџија и ќе бидат избришани од нашата дата база во рок од 5 дена по склучување на договор за вработување со избраниот кандидат.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »