За компанијата: Gulf е основан во далечната 1901 година, но и по 118 години, сеуште сме иновативна и напредна компанија. Всушност, ние сме најбрзорастечка компанија во светот на нафтените деривати, лубрикантите и маслата за возила, а во моментов работиме во повеќе од 100 земји ширум светот.
повеќе за компанијата »Поради понатамошен развој и зголемен обем на работата во Компанијата, објавуваме оглас за:
ПОМОШНИК СМЕТКОВОДИТЕЛ
Основни одговорности и задачи:
- Книжење на финансиската и материјална документација;
- Пресметка на ДДВ и данок на добивка;
- Разновидни сеопфатни сметководствени активности во согласност со сметководствените стандарди и принципи, како и со сите релевантни законски и регулативни прописи;
- Подготовка на финансиски извештаи;
- Уредно водење на документацијата во согласност со имплементираните стандарди за квалитет во компанијата;
- Комуникација со сите релевантни државни институции;
Потребни квалификации:
- Претходно работно искуство на иста или слична позиција од 3 (три) години ќе се смета за предност;
- Високо образование – Економски факултет;
- Поседување лиценца за овластен сметководител ќе се смета за предност;
- Познавање во областа на изработка на ДДВ пријави;
- Познавање на целокупно материјално и финансово работење;
- Активно познавање и следење на новите законски прописи;
Личен профил:
- Одговорна и организирана личност;
- Лојалност и професионален пристап кон работата;
- Иницијативност, посветеност и амбициозност;
- Колегијалност и работа во тим.
Доколку сакате да бидете дел од нашата компанија, Ве молиме испратете ни го Вашето CV со назнака Помошник сметководител на нашата е-маил адреса vrabotuvanje_skopje@yahoo.com или користејќи го полето за брза апликација.
Слични огласи »