Финансиски соработник

  • Објавен на 9.2018
  • Дојрана Фреш Продуце
  • Активен до 26.09.2018
  • Позиција: Економист/Сметководител/Ревизор
  • Локација: Гевгелија

ДОЈРАНА ФРЕШ ПРОДУЦЕ објавува:

ОГЛАС ЗА РАБОТА

Работно место:

ФИНАНСИСКИ СОРАБОТНИК

Должности и одговорности:

  • Материјална евиденција и пратење на материјали во магацините, изготвување извештаи и пратење на залихи;
  • Координација и евиденција на финансиска документација;
  • Евиденција на приходи, трошоци и други трансакции;
  • Евиденција на регистар на основни средства, пресметка на амортизација;
  • Архивирање и изработка на финансиски документи и досиеа;
  • Учество во изготвување на ДДВ пријави, финансиски извештаи и останати извештаи до релевантни институции;
  • Учество во изготвување на извештаи до матичната компанија.

Потребни квалификации и вештини:

  • Диплома од Економски факултет; 
  • Најмалку 2 години работно искуство во сметководство - Кандидатите со претходно искуство во сметководство во рамките на земјоделска индустрија ќе имаат предност во процесот на селекција;
  • Одлични познавања на MS Excel
  • Задолжително познавање на англиски јазик, ниво на бизнис комуникација;
  • Способност да работат во тим;
  • Добри комуникациски вештини;
  • Искуство со работа во Пантеон (Даталаб) ќе се смета за предност;
  • Б категорија на возачка дозвола.

Испратете ваше CV на: [најави се за да го видиш е-маилот] . Огласот е отворен 15 дена.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесна конкуренција ќе бидат контактирани. Компанијата го задржува правото да го поништи огласот доколку смета дека нема соодветен кадидат за позицијата.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »