Одговорно лице за Обезбедување на квалитет

За компанијата: Компанија од фармацевтска индустрија која се занимава со одгледување и екстракција на канабис за медицинска употреба лоцирана во Скопје. повеќе за компанијата »

НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје е компанија од фармацевтска индустрија лоцирана во Скопје, за одгледување и екстракција на канабис за медицинска употреба. Заради зголемен обем на работата, НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ има потреба од вработување на следната работна позиција:

* Одговорно лице за Обезбедување на квалитет – 1 извршител

Потребни квалификации:

  • ВСС (дипломски или постдипломски студии во областа на фармација, хемија, биологија);
  • Минимум 5 години соодветно работно искуство во полето на обезбедување на квалитет во фармацевтската индустрија (Quality Assurance) (искуството се смета за предност);
  • Способност за имплементација, следење и одржување на системот за обезбедување на квалитет, вклучувајќи: преглед на производни протоколи, контрола на документи, имплементација на стандардни оперативни постапки, годишни и квартални извештаи, изготвување на годишни прегледи за квалитет на фармацевтски производи, познавање на видови тестирања поврзани со квалитет на производ итн;
  • Одлично познавање на MS Office - пакетот и интернет пребарувачите;
  • Одлично познавање и непречена комуникација (писмена и усна) на англиски јазик;
  • Способност за самостојна и тимска работа, развиени аналитични и истражувачки способности, внимание на детали, упорност, студиозност, посветеност, организациски и комуникациски способности, ентузијазам за нови знаења и техники, лојалност и дискреција.  

Работни задачи:

  • Управување со системот за квалитет (QMS), имплементација и одржување на документи во системот, вклучувајќи стандардни оперативни постапки, протоколи, упатства, записи, обрасци, прирачници, трансфери итн., нивно контролирање и следење;
  • Изготвување и спроведување на интерни проверки на квалитет со кои редовно се прави проценка на ефикасноста и апликативноста на Системот за обезбедување на квалитет во фармацевтската индустрија;
  • Соодветна имплементација на Процедурата за ослободување на серија лек во промет во согласност со Регулативите;
  • Спроведување, преглед и усогласеност на документацијата со  GMP, GLP, ICH и EMA водичите
  • Советување и спроведвање на корективни и превентивни мерки, девијации и неусогласености, OOS, OOT, recall management, преглед и одобрување.
  • Спроведување на обуки од страна на QA тимот за нов и тековен персонал и нивна евалуација.
  • Имплементација и спроведување на програми за само инспекција.
  • Имплементација, одржување, надзор и подобрување на Квалитетот и системот за животна околина согласно GMP, ISO 9001 и ISO 14001;
  • Управување со процедурата за контрола на промени и одобрување на документацијата за валидација и квалификација.

При изборот за најповолен кандидат ќе биде спроведен процес на селекција преку преглед на апликациите со прилог документите и интервјуа.

Предност имаат кандидатите кои ја познаваат македонската и ЕУ регулатива.

Писмото за мотивација, кратката биографија со фотографија, копија од уверението за завршено образование, копија од сертификати и дипломи, да се испратат скенирани на следната адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

НАПОМЕНА: Некомплетните апликации и апликации на кандидати кои не ги исполнуваат бараните квалификации нема да бидат разгледувани.

Овој оглас важи 10 (десет) дена од денот на објавување.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »