Специјалист за продажба

За компанијата: Како организација целосно посветена да им помогне на клиентите да работат кон нивната визија за иднината, имаме квалификуван и професионален тим на ревизори со искуство во областа на сертификација на ISO... повеќе за компанијата »

ИНТЕРЦЕРТ ДООЕЛ е сертификациско тело акредитирано од Институтот за акредитација на Република Македонија (www.iarm.gov.mk) за сертификација на системи за управување со квалитет, животна средина и здравје и безбедност при работа (ISO 9001, ISO 14001 и ISO 45001).

Ако сакате предизвик, а притоа сте динамична и одговорна личност и барате стабилност, професионален раст и долгорочна кариера, со задоволство Ве повикуваме да се пријавите на нашиот оглас за вработување.

Вашата улога како Sales Specialist е да го поттикне растот на приходите на организацијата преку развивање ефективни маркетинг стратегии и водечки тимови за продажба за да ги постигнат своите цели.

Потребни квалификации:

  • Високо образование: завршен економски факултет, машински, хемиски или друг технички факултет (не е обрврзувачки),
  • Задолжително добро познавање на англиски јазик,
  • Познавање на ексел, високо ниво,
  • Пишување и одговарање на меилови, високо ниво,
  • Одлично познавање на MS Office пакетот и компјутерски програми и апликации,
  • Поседување на возачка дозвола Б категорија (активен возач),
  • Високи организациски способности, со нагласена проактивност и независност

Работни обврски:

  • Унапредување на продажбата согласно пазарните можности,
  • Развој на нови канали на продажба во МК,
  • Развој на меѓународни канали за продажба,
  • Креирање и спроведување на стратегија, согласно целите на продажба,
  • Соработка со агенции и партнери,
  • Предлагање канали за комуникација со разни целни групи,
  • Планирање и организирање на продажни активности,
  • Управување и контрола на продажбата, следење и преземање на активности за унапредување на истата,
  • Развивање и одржување на односи со клиенти, комуникација со постоечки и потенцијални клиенти.

Вештини и способности:

  • Одлични комуникациски, презентациски и преговарачки вештини,
  • Професионалност и организираност,
  • Организациски и аналитички способности,
  • Позитивен став, лојалност, транспарентност, и темелност,
  • Ориентираност кон клиенти и градење однос со потрошувачи,
  • Одговорност, динамичност, иницијативност и насоченост кон резултати,
  • Способност за работа во тим и самостојна работа,
  • Планирање и управување со активности на социјални мрежи,
  • Раководни и координирачки способности,
  • Желба за учење и напредок

Компанијата нуди:

  • Динамична работа во брзо растечка компанија која планира да се развива на глобално ниво,
  • Работа со тим од професионалци и индивидуалци кои веруваат во развој, интегритет, тимска работа и отворена комуникација,
  • Можност за надворешни обуки за усовршување во областа,
  • Позитивна разновидна и динамична работна средина,
  • Можност за градење на успешна кариера,
  • Одлични услови за работа во тим и самостојна работа,
  • Можност за соработка со интернационални клиенти и соработници
  • Можност да бидете дел од тимот кој ќе развие препознатлив меѓународен а сепак македонски бренд.

Фиксна нето плата + бонус за остварување.

Сите апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Испратете ја Вашата кратка биографија (CV) на: [најави се за да го видиш е-маилот]

Во согласност со законот за заштита на лични податоци, со самото испраќање на Вашето СV се согласувате Вашите податоци да бидат чувани во база и обработувани за намена за сегашно или идно вработување од страна на Интерцерт Скопје.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »