ORACLE DATABASE ADMINISTRATOR (М/Ж)

За компанијата: Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија. Компанијата е дел од EVN групацијата. ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА вработува професионалци од различни... повеќе за компанијата »

Електродистрибуција ДООЕЛ е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Република Северна Македонија. Компанијата е дел од EVN групацијата. 
 
 

КАРИЕРА ВО ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА 
 

За потребите на Одделот Информатички и телекомуникациски технологии, бараме: 
 

ORACLE DATABASE ADMINISTRATOR (М/Ж) 
 

Работни задачи: 

  • Проектирање, кодирање, тестирање и поддршка на најновата генерација решенија - бази на податоци: Oracle 10g, 11g и 12c   
  • Одговорен за безбедносните аспекти на базите на податоци, превенцијата од загуба на податоци (Data Security, Backup & Recovery) 
  • Конфигурирање на backup за Oracle бази (RMAN и datapump) 
  • Администрација на Standby/Failover (Oracle Data Guard) 
  • Oracle RAC & ASM инсталација и администрација 
  • Познавање на миграциски техники за Oracle 
  • Искуство со Oracle middleware (апликациски сервери)   
  • Остварување постапки за враќање на податоци (restore), имплементација на recovery процедури и редовен backup на системите. 

 
 

Потребни компетенции:

  • Завршено Високо образование VII/1 степен – Информатички системи 
  • 5+ години искуство со администрирање на бази на податоци 
  • Напредно познавање на Oracle производи и технологии 
  • Напредни познавање на оперативните системи Windows и Linux 
  • Познавање на Microsoft SQL Server 
  • Одлична интерна и екстерна комуникација со клиенти   
  • Висока организираност и насоченост кон детали 

 
Испратете ја Вашата куса биографија и мотивационо писмо на [најави се за да го видиш е-маилот]  
 
Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување.  
 
Електродистрибуција е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.  

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »