Инспектор за контрола на квалитет

За компанијата: Компанијата Пурпласт се наоѓа во ТИРЗ Скопје 2 - Бунарџик и работи во автомобилската индустрија, а своите производи ги извезува во 36 земји во светот. Во индустрискиот капацитет во ТИРЗ Скопје 2, Пурпласт произведува пластични компоненти за компании кои произведуваат автобуси и камиони. повеќе за компанијата »

Припаѓа во Одделот за квалитет.

Му одговара на  Одговорен за контрола на квалитет.

  • Го иницира  процесот на ескалација согласно пропишаните процедури/инструкции
  • Ги идентификува/пронаоѓа грешките и помага при отсранување на истите
  • Води евиденција и ги ажурира резултатите од направените контроли
  • Реагира и презема активности во случај на пријава на грешка во производот
  • Соработува со останатите Оддели со цел намалување на грешките и избегнување на повторување на исти грешки.
  • Ги блокира и ослободува материјалите кои не се исправни
  • Врши проверка на подесените параметри на машините и опремата
  • Ги проверува залихите по добиените рекламации  (интерни/екстерни).
  • Врши проверка на уредноста, чистотата и редот во работењето

Барања, вештини и компетенции:

  • Завршено Високо Образование - со МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ имаат предност;
  • Минимум 2 годишно работно искуство на иста или слична позиција;
  • Искуство во синџирот на автомобилската индустрија;
  • Одлично познавање на англискиот јазик.
  • Детално ориентиран и организиран во својата работа;
  • Способност за следење на работни инструкции;
  • Лични вештини и компетенции: точност, флексибилност, чесност, независност, организираност и одговорност;
  • Организациски вештини и компетенции: способност за планирање и организирање на работата. 

Што нудиме:

  • Работа во безбедна и здрава околина со почитување на сите норми за безбедност и здравје при работа;
  • Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РСМ;
  • Обезбеден автобуски превоз до работното место и назад;
  • Обезбедена исхрана во современа кантина;

Работно време од Понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот.

Доколку сте заинтересирани аплицирајте на  [најави се за да го видиш е-маилот]

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати.

Компанијата Пурпласт се наоѓа во ТИРЗ Скопје 2 - Бунарџик и работи во автомобилската индустрија, а своите производи ги извезува во 36 земји во светот. Во индустрискиот капацитет во ТИРЗ Скопје 2, Пурпласт произведува пластични компоненти за компании кои произведуваат автобуси и камиони.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »