За компанијата: Евротип спортските обложувалници се прва битолска компанија која се занимава со приредување на игри на среќа – спортско обложување. Првата локација за остварување на нашата дејност е во Битола. Компанијата...
повеќе за компанијата »Работно место од областа на Економијата
1. Истражување и анализа
- Прибирање и средување податоци од секундарни извори
- Описна анализа на податоци (графикони, табели, крос-табулации)
- Економетриска анализа на податоци (доволно е почетно ниво)
- Следење на економските трендови во земјата и регионот
- Пишување анализи и извештаи (длабинска и критичка анализа)
- Сметководствена евиденција на фактури,сметки
- Комуникација со клиенти, плаќање на сметки во банка
2. Теренска работа
- Средби со засегнати страни (активен придонес во содржина)
- Вклучување во консултативни процеси
- Повремено испорачување обуки (физички и вебинари)
- Дизајн и повремено учество во теренско прибирање податоци (интервјуа и фокус групи)
3. Комуникација
- Придонес во креативни решенија за визуелизација на податоци, информации, наоди и резултати од аналитичко-истражувачката работа
- Активно учество на настани што ги организираат партнерите и соработниците
Потребни квалификации и вештини:
- Завршени додипломски студии по економија, финансиски менаџмент,
- Меѓународна економија и финансии, статистичка анализа
- Сродно работно искуство
- Предиспозиции за секојдневна работа со податоци
- Познавање англиски јазик и напредна компјутерска писменост
- Аналитичност, прецизност и запазување детали во работењето
- Способност за јасно и концизно изразување при пишување
- Способност за контекстуализација (гледање на големата слика), со истовремена
- Способност за длабинска анализа
- Способност за справување со повеќе разновидни задачи истовремено
- Комуникативност и претставителност
- Навременост и строго почитување рокови
За предност ќе се смета:
- Работно искуство
- Возачка дозвола Б категорија
Доколку сакате да бидете дел од тимот на ЕВРОТИП, Ве молиме Вашето CV да го испратите на e-маил [најави се за да го видиш е-маилот]
Во насловот на меилот (subject) наведете ја позицијата за која аплицирате ЕКОНОМИСТ.