Зегин ДОО Скопје лого

Материјален сметководител

За компанијата: Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот како слика)

Го прошируваме нашиот тим, охрабрете се и аплицирајте за отворената позиција:

МАТЕРИЈАЛЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ

Потребни квалификации:

  • BСС – Високо образование - Економски факултет
  • Работа со компјутери и одлично познавање на MS Office (нагласок на Excel)
  • Задолжително познавање на англиски јазик

Посакувани карактеристики:

  • Способност за брзо учење
  • Развиени комуникациски вештини
  • Динамичност, креативност и проактивност
  • Организирана и уредна личност
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција (работа во оперативен систем за материјално работење)

Скратен опис на работни задачи:

  • Материјален внес на финансиски податоци за калкулација и предкалкулации
  • Евиденција и обработка на влезна документација поврзана со материјално работење (Обработка на ПДФ-фактури и преземање на Е-фактури, проверка на исправност на фактури според параметри и внес на истите во систем)
  • Прием на фактури од странски добавувачи и нивна обработка
  • Креирање на документи поврзани со материјалното работење

Што нудиме:

  • Стимулативен компензациски пакет
  • Иновативна работна средина и мотивирачка организациска култура 
  • Континуиран професионален развој преку учество на обуки, симпозиуми и конференции
  • За најдобрите вработени - наградно патување

Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување и поседувате професионални компетенции за успешно работење во областа наведена погоре, Ве покануваме да аплицирате преку полето ПРИЈАВИ СЕ со прикачување на Вашата биографија на македонски јазик.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · колумни · технологија · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување » барај останати огласи »