Оператор во производство на пиво

За компанијата: Компанијата ЕСИ (Employment Services International) е присутна на пазарот од мај 2007, како агенција за услуги кои се однесуваат на човечките ресурси. Наша цел е да понудиме комплетни решенија за раководење... повеќе за компанијата »

 

За вработување кај нашиот реномиран соработник – ПИВАРА СКОПЈЕ, лидер на пазарот во  производство на пивовода и безалкохолни пијалаци, потребни се:

Оператор во производство на Пиво (Скопје)

 

ЗАДАЧИ:

  • Одговара за целокупната работа во смената и за исполнување на производниот план во својата работна зона;
  • Води евиденција за призведени количини на производ;
  • Зема учество во преглед на завршени и тековни активности, присуствува на секојдневни состаноци со тимот пред започнување на смената;
  • Води точна и прецизна евиденција за работата на машината;
  • Редовно ја следи исправноста на машините и пријавува евентуални недостатоци и дефекти;
  • Презема чекори за отстранување на помали неправилности на машината;
  • Ја одржува чистотата на работните површини и врши дезинфекција по потреба;
  • Носи соодветна работна опрема согласно стандардите за безбедност и здравје при работа, хигиенско-санитарните стандарди и моралните норми согласно компаниските процедури и правилници;
  • Постојано се стреми кон подобрување на индикаторите за учинок на процесот на производство;
  • Придонесува за одржување на редот и дисциплината во организацијата.

 

БАРАМЕ:

 

ВСС или ССС во Машинска или Електро струка

  • Работно искуство во производствена средина ќе се смета за предност
  • Познавање на работа со компјутери
  • Способност да се реагира брзо во зависност од потребите
  • Носење на задолжителна заштитна опрема
  • Следење на процедурите за безбедност и здравје при работа
  • Сменско работење (во три смени)
  • Изразена способност за решавање проблеми, логика и споредба, квалитетна одлука, управување со време и ориентираност кон тимска работa

НУДИМЕ:

  • Солидни  и навремени месечни примања
  • Обезбеден топол оброк
  • Обезбедена обука
  • Можен почеток: Веднаш  
  • Годишен одмор: согласно ЗРО и колективен договор

Времетраење на вработувањето: 6 месеци со можност за продолжување на неопределено.

Надомест за ноќна работа, работа за празник/викенд

 

 

 

 

Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на [најави се за да го видиш е-маилот] и наведете ја позицијата за која аплицирате.

 

ЕСИ (Employment Services International)

ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје

T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
[најави се за да го видиш е-маилот] , www.esi.mk

 

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »