За компанијата: Почетоците на ДОО Цермат од Битола датираат од 1995 година кога е основана како фирма во приватна сопственост за производство на сладолед. Како современа европска компанија ги следи светските трендови со постојано усовршување во уметноста наречена сладолед.
повеќе за компанијата »Цермат доо Битола, е синоним за квалитет во областа на производство на сладолед и замрзнати производи. На домашниот пазар е препознат од своите купувачи како компанија која нуди највисок квалитет на своите производи со стандарди за квалитет и производство во модерен прехранбен капацитет. Доколку си личност која сака да биде клучна алка во одделот за одржување на машините, тогаш пријави се на следниот оглас за:
"МАЈСТОР ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА МАШИНИ ВО ПРОИЗВОДЕН ПОГОН"
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
ССС или ВСС – машинска или електро насока;
Работно искуство во соодветната област;
ОДГОВОРНОСТИ:
Работа во тим со цел извршување на ефикасни, квалитетни и навремени сервисни активности на опремата, како би се обезбедила континуирана работа со минимален број на застои и максимална искористеност;
Грижа и контрола на исправноста на опремата и нејзина коректна работа за време на производствениот процес;
Грижа за навремено отстранување на сите дефекти;
Превземање на превентивни мерки за навремено спречување на поголеми дефекти.
Нашата компанија придава голема важност на цврстата волја и определеноста кон носење резултати, но секако и кон развој на сопствениот кадар преку перманентно учење и сопствен личен развој. Позицијата нуди можност за понатамошен Ваш личен и професионален развој во позитивна и динамична работна околина.
Доколку сметате дека сте спремни да станете дел од Цермат, испратете Ваше CV со фотографија на следниот е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака МАЈСТОР ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА МАШИНИ ВО ПРОИЗВОДСТВО, најдоцна до 30.04.2022 година.