Плата од 50.000 ден.
За компанијата: Повеќе од 70 години градиме компанија која цени знаење, напорна работа и посветеност. Со седиште во Скопје, Северна Македонија прераснавме во компанија која има светска мрежа на задоволни клиенти и клиенти...
повеќе за компанијата »Компанијата Раде Кончар - Контактори и релеи - Скопје има потреба од машински инженер за работна позиција: Раководител на одделението за конструкција, изработка и одржување на алати.
Образование, искуство, вештини:
- ВСС од Машинска струка;
- 3 годишно искуство во производство и изработка на алати
- Познавање на 2D/3D програми ( Solidworks , Catia , Autocad ) за конструкција на алати;
- Искуство во програмирање машини за работа со CNC како и машини за EDM;
- Познавањето на програми за контрола на CNC машини, ќе се смета за предност;
- Познавање на Microsoft Office производи (Word, Excel, Power Point и E-Mail - Outlook) како и нумерички способности;
- Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
- Поседува организациски способности
- Тимско работење и кооперативност
- Висок степен на одговорност и ефективност во извршувањето на задачите
Работни задачи и одговорности:
- Раководи , планира , организира и го контролира целиот процес за конструкција и изработка на алатите
- Поставува , одржува и ракува со CNC машините;
- Учествува во креирањето на потребите за одделението, како и набавките на материјали и алати за изработка на алатите
- Секојдневно известува за планираните/постигнатите цели према зададениот план
- Работи во CAD програм и прави проверка на зададени параметри согласно барањата од производството.
- Врши изработка за барани дизајни;
- Прави програми за CNC (машини за мелење и EDM) ;
- Спроведува евалуација и континуирана обука на вработените
Почетна плата 50.000 денари нето.
Работниот процес се извршува во една работна смена, од 07.30. - 15.30.часот, од понеделник до петок.
Слични огласи »