Асистент на продажба - Битола

За компанијата: Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот како слика)

 

Здравјето и благосостојбата се симбол на препознатливост на нашата компанија, каде што со доверливост и грижа секој поединец го добива професионалниот пристап од нашите фармацевти и вработени со најдобрата палета на производи. Фокусот го насочуваме кон изборот на најсоодветни кандидати кои ќе се придружат на нашите постоечки успешни тимови. 

Гордо го носиме печатот за квалитет и стандард и со тоа придонесуваме кон поздрава и посреќна заедница, здрава младина и посреќна иднина!

Поради проширување на својот тим, имаме потреба од: АСИСТЕНТ НА ПРОДАЖБА - БИТОЛА

За позицијата:

  • Продажба на производите во делот за козметика и здрава храна.

Потребни квалификации:

  • Образование: ССС / ВСС,
  • Познавање на MS Office,
  • Познавање на Англиски јазик,
  • Комуникативност и преговарачки вештини,
  • Трудољубивост и доверливост,
  • Мотивација за работа во тим.

​​Главни обврски и одговорности на позицијата:

  • Прием и изложување на роба согласно пропишани процедури,
  • Внесување фактури,
  • Ориентираност кон потреби на купувачи,
  • Позитивен однос и убедливост во комуникацијата,
  • Примена на стандардите за работа,
  • Грижа за имиџот на фирмата.

Што нудиме:

  • Солидни месечни примања + стимулативен варијабилен дел во зависност од остварувањата,
  • Програма за препораки „Биди и ти награден за нов член во нашата компанија“,
  • Бенефити за вработени,
  • Учество на различни настани: саеми, конференции и обуки,
  • Протокол за грижа на здравјето - "Здравјето на вработените е наш приоритет",
  • Можност за професионален развој и надоградба.

Доколку  сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување, и поседувате професионални компетенции за успешно да работите во областите наведени погоре, Ве молиме испратете пропратно писмо и биографија на македонски јазик со ознака  Асистент за продажба на [најави се за да го видиш е-маилот]  или јавете се за повеќе информации на 071 310 272 или 071 388 058.

Предност ќе имаат кандидатите кои имаат работно искуство во малопродажба.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »