Нептун Македонија лого

Администратор за лојалност и финансирање

За компанијата: Нептун е бренд име на компанијата Нептун Македонија ДОО Скопје, основана во 1998 година, која во 1999 година станува дел од Нептун Интернешнал и Балфин Групација - Balkan Finance Investment Group. Нептун... повеќе за компанијата »

АДМИНИСТРАТОР ЗА ЛОЈАЛНОСТ И ФИНАНСИРАЊЕ

Нептун го зајакнува својот тим за Лојалност, финансирање и услуги и сме во потрага по професионална, комуникативна, добро организирана, само-мотивирана личност, која ќе биде одговорна за извршување на инцијативи поврзани со лојалност и финансирање на клиенти со цел генерирање на поголема посетеност, потрошувачка и повторувачки посети.

Одговорности и работни задачи:

  • Следење на резултатите од активностите на членовите во Програмата за лојалност
  • Администрирање потрошувачки кредити и кредити одобрени врз основа на склучени договори
  • Администрирање работи поврзани со продажба на услуги кои се продаваат како поврзани производи
  • Комуникација со малопродажните објекти, со цел корекција на грешки во делот на кредитирање и останати услуги
  • Пресметки по основ на кредитирање и доставување соодветни извештаи на банките

Потребни квалификации:

  • Познавање на процес на кредитирање и финансирање на клиенти
  • 1-3 години искуство во областа
  • Солидно познавање на англиски јазик (усно и писмено)
  • Високо ниво на работа со компјутер (Microsoft office и други компјутерски деловни апликации)
  • Систематичност, организираност, иницијативност и насоченост кон изнаоѓање решенија
  • Одлични комуникациски способности и интерперсонални вештини
  • Афинитет кон административни работни задачи, педантност и деталност
  • Тимска ориентација и желба за учење и развивање

Доколку се пронаоѓате во барањата на позицијата и имате желба да ја развивате својата кариера во областа на администрација на лојални програми и финансирање, ве покануваме да ја испратите вашата апликација, не подоцна од 29.01.2025.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување » барај останати огласи »