(преземи го огласот како слика)

ТЕХНОГУМА ДОО објавува оглас за општ работник (ракувач на гумарска преса ) во производство на гумени производи. Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
Квалификација (степен и вид на образование)
- Среднo образование
- Со и без работно искуство
Потребни карактерни особини:
- Кандидатот да биде дисциплиниран во извршувањето на работните задачи
- Одговорен во управувањето со опремата
- Комуникативен, доверлив и тимски работник
Основни задолженија и одговорности:
- Ракување со гумарска преса ( изработување на гумени производи )
- Основно познавање на браварска работа. Работа со рачен алат
- Прием на налог и негово пополнување
- Подготовка на материјал за дадениот налог
- Складирање на роба во магацин за суровини
- Одржување на работната средина
Компанијата нуди:
- Склучување на договор на определено време со можност за продолжување
- Можност за учење и обука за повисоки работни места, напредување со самото тоа и раст на плата.
- Избраните кандидати ќе имаат пробна работа и обука.
- Почетна нето плата: од 15.000ден. до 18.000ден. во зависност од квалификациите/компетенциите на кандидатот со можност за брзо напредување
- Работа во две смени
- Работно време: Понеделник-Петок од 06 -14 часот и од 14-22 часот
Сите заинтересирани кандидати можат да аплицираат и да достават свое CV со назнака
”ГУМАР ВО ПРОИЗВОДСТВО “ на [најави се за да го видиш е-маилот] . Селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.
ТЕХНОГУМА ДОО
Ул. Борис Трајковски 139,1000 Скопје
T: +389 2 2728 999
М: 070/230-321
Слични огласи »