(преземи го огласот во Word)
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје
Доколку имаш желба за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, каде приоритет се личниот развој и професионалниот напредок, сега е вистинскиот момент да се пријавиш на огласот за РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОЦЕНА НА НЕДВИЖЕН ИМОТ во Служба за имот, архива и набавки.
Потребни квалификации:
- Универзитетска диплома од областа на градежништво / архитектура ќе се смета за предност
- Уверение за положен испит за проценувач од област на недвижен имот
- 1-3 години работно искуство во областа се смета за предност
- Добро познавање на англиски јазик
- Одлично познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point)
- Возачка дозвола од Б категорија
- Напредно познавање на регулативата од областа на процена на недвижен имот
- Да не е изречена забрана за вршење на професија, дејност и должност
Дел од работните задачи:
- Врши процена на пазарна вредност на недвижен имот понуден како обезбедување за кредитите, за продажба, купување или изнајмување од страна на Банката
- Врши активности поврзани со доделување, контрола и централизирано постапување на извештаи за процена на недвижен имот во соработка со надворешни проценители.
- Врши репроцена на заложениот имот во Банката на периодична основа.
- Води точна и навремена евиденција за сите извештаи на недвижниот имот на клиентите на Банката
Бенефиции / Придобивки:
- Конкурентна плата и дополнителни бенефиции
- Континуирани обуки и можност за професионален раст и развој
- Динамична работна средина
- Слободен ден за роденден
Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака за “Референт за процена на недвижен имот” најдоцна до 11.04.2025 година.
Ве молиме во Вашите апликации не доставувајте сензитивни податоци како националност, вероисповест како и детали за вашиот приватен живот.
Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју или тестирање.
Сите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Со доставувањето на Вашата апликација ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги обработува Вашите лични податоци за потребите на процесот на вработување.
Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото до Офицерот за заштита на лични податоци на e-mail адресата [најави се за да го видиш е-маилот]