Отворени се повеќе работни позиции

  • Објавен на 8.2021
  • Бауер Инвест Гроуп
  • Активен до 03.09.2021
  • Позиција: Административен работник
  • Локација: Скопје

(преземи го огласот во Word)

 

Бауер Инвест Гроуп е странска компанија во областа на фармацијата и нуди можности за усовршување на професионален план. Тимот од професионалци секогаш е спремен во пријатна и работна атмосфера да се вклучи во професионална соработка со вработените се со цел постигнување на подобар успех во компанијата. Компанијата во моментов има потреба од следните работни позиции:

-      АГРОНОМ

Потребни квалификации : 

ВСС - земјоделски факутет со насока ПОЛЕДЕЛСТВО ИЛИ ГРАДИНАРСТВО

Познавања на органско земјоделско производство ќе се смета за предност.

Работното искуство ќе се земе во предвид.

  • ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ

     Потребни квалификации:

           •  ВСС – Економски факултет;

          • Поседување уверение за овластен сметководител;

           • Најмалку 2 години проефесионално искуство како сметководител;

           • Ажурирано знаење на регулативата за финансиско известување,

          сметководствената и даночната регулатива во Република Македонија;

          • Аналитичност, прецизност и запазување детали во работењето;

          • Систематичност, организираност и иницијативност;

          • Флексибилност и насоченост кон изнаоѓање решенија;

          • Навременост и строго почитување рокови;

           • Одлични вештини за комуникација, пишана и вербална;

           •Познавање на англискиот јазик и соодветни компјутерски вештини, како и познавање на работа со софтвери за сметководство и финансиско менаџирање.

Одговорности и  работни задачи:

• Подготовка и поднесување на ДДВ пријави, завршни сметки и сметководствени книжења;

• Комуникација со УЈП , банки и други институции кои се потребни за потребите на фирмата;

• Книжење на дневните трансакции и контрола на аналитички картици;

• Пресметка на плати, исплатни листи, пресметување

надоместоци и трошоци од работен однос;

• Одговорност за комплетноста и точноста на подготвените финансиски извештаи и податоци;

• Евидентирање и контрола на побарувања, уплати и наплата;

• Креирање фактури и други финансиски документи.

  • ПОМОШНИК СМЕТКОВОДИТЕЛ

Потребни квалификации:

ВСС -Економски факултет;

Одлично познавање на компјутери;

Познавање на англиски јазик

Одговорности и  работни задачи:

• Сметководствена евиденција и известување во врска со побарувања, обврски и парични   текови;

• Воспоставување на професионални контакти - внатрешни и надворешни;

• Евиденција на влезни и излезни фактури;

• Ажурирања и евиденција на влезни и излезни фактури, книжења и други поврзани активности кои ќе бидат во координација со овластениот сметководител.

- ПРАВНИК/ПРИПРАВНИК

Потребни квалификации:

ВСС – Правен факултет;

Одлично познавање на компјутери;

Познавање на англиски јазик

Одговорности и  работни задачи:

• Работни односи и деловно право;

• Интерни акти, регулатива и организација на друштва;

• Организација и комуникација со државни институции;

• Општи правни работи и изработка на интерни оперативни акти, облигациони односи-договори

  • ТЕХНИЧКИ/А СЕКРЕТАР/КА

Потребни квалификации:

 •   ВСС- Правен или Економски факултет

•    Претходно работно искуство ќе се смета за предност

•    Познавање на работа со компјутери и MS Office пакет

•    Познавање на англиски јазик:

Одговорности и работни задачи:

•    Основно познавање на канцелариска работа; Управување со административна документација;

•    Познавање на работа со компјутери;

•    Подготовка на фактури и документи за сметководство;

•    Подготовка на договори и архивирање;

•    водење на дневна агенда на генералниот директор,  вршење набавки за потребите на фирмата;

•   Организира и врши административни, финансиски и организациски задачи при работењето

•    Прием и проследување на повици, прием на нарачки, проследување на документи и пошта;

•    Познавање на работа со e-banking

-  АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ

Потребни квалификации:

 Завршено ВСС;

Познавање на англиски јазик

Одговорности и  работни задачи:

• Комуникација и координација со компаниите и лица со кои соработува Генералниот директор;

• Закажување и организација на состаноци на Генералниот директор и менаџментот на компанијата;

• Координација, комуникација, контрола во работата на компанијата и подружниците;

• Изготвување на редовни извештаи и анализи за тековната работа во компанијата;

• Комуникација со секторите во компанијата и координирање на истите.

  • АДМИНИСТРАТИВЕН РАБОТНИК СО ПОЗНАВАЊЕ НА ОРГАНСКО  ЗЕМЈОДЕЛСКО ПРОИЗВОДСТВО

Потребни квалификации:

Завршено ВСС;

Завршена програма за Фармер за органско производство ќе се смета за предност;

Познавање на англиски јазик и работа со копјутери и MS Office пакет.

Одговорности и работни задачи:

           • Следење  на принципи на органското производство;

           • Следење на стандарди, конверзија и сертификација;

           • Маркетинг на органски производи;

           • Бизнис планирање;

           •  Постојано следење  на web страните http://www.mzsv.gov.mk/ ,      http://www.ipardpa.gov.mk/ и https://sovremenozemjodelstvo.mk/, и навремено известување на Генералниот директор за најновите случувања;

          •  Следење на рокови и навремено поднесување на Барање за финансиска подршка во земјоделството, односно аплицирање за субвенции;

           •Настани на терен.

На кандидатите им нудиме пријатна работна атмосфера.

Задолжително за сите апликанти во CV-то да имаат слика и  да наведат за која работна позиција аплицираат!

Работно време од 08.00-16.00 часот од Понеделник до Петок.

Плата  од 20.000 до 60.000 во зависност од работната позиција и искуство.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »