Агенцијата за вработување АНТОРИС, за потребите на свој Клиент, чија дејност е продажба на висококвалитетна медицинска опрема објавува оглас за 1 (еден) извршител, за следното работно место:
Д Е Л О В Е Н А С И С Т Е Н Т
Потребни квалификации:
1. ВСС-по можност правен или економски факултет.
2. Претходно работно искуство на иста или слична позиција од мин. 2 години
3. Одлично познавање на MS Office пакетот
4. Задолжително познавање на англиски јазик (пишан и говорен), пожелно и втор германски јазик
Одговорности и задачи:
- Извршување на канцелариски и административни задачи (организација на административните задачи, организирање состаноци, работилници, презентации и сл.,комуникација со странски партнери, комуникација со клиенти и вработени и останати работи по барање на управителот)
- Правни задачи (изработка на договори, решенија, дописи, одлуки и сл.)
- Финансиски задачи (размена на информации со сметководство, следење на рокови за плаќање, усогласувања со клиенти)
Способности и професионални вештини:
- Организираност, трпеливост, аналитичност и систематичност во работењето
- Управување со време
- Одлични комуникациски вештини
- Способност за тимска работа
- Почитување и примена на пропишаните процедури и интерни акти на компанијата
- Подготвеност за работа во динамична работна атмосфера.
Работно време: Понеделник-Петок 08.00-16.00 часот
Работната позиција е за територијата на град Скопје.
Доколку ги исполнувате горенаведените услови, ве молиме испратете го Вашето CV, на следната е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] , со задолжителна назнака за која работна позиција аплицирате.
Само кандидатите кои ги исполнуваат наведените услови ќе бидат повикани на интервју.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.