Референт за обезбедување - Охрид - Аеродром „Св. Апостол Павле“

За компанијата: ТАВ Аеродроми обезбедуваат интегрирани услуги во сите области на аеродромското работење и во глобални рамки управуваат со 91 аеродром во 26 земји. Како членка на групацијата ADP, ТАВ Аеродроми е дел од... повеќе за компанијата »

РЕФЕРЕНТ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ - ОХРИД - Аеродром „Св. Апостол Павле“ 

 

ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ

  • Задолжен е за спроведување на пешачака и моторна патрола во зоните на аеродромот, периметарската ограда и објектите во нив  заради утврдување на нивната безбедносна и техничка состојба за што изготвува соодветен  извештај.
  • Заштита од  неовластено влегување и движење на лица во AIRSIDE и другите зони на ограничено движење преку идентификување и задржува сомнителните лица до доаѓање на МВР.
  • Задолжен  е за надгледување на процесот на прифат и отпрема на воздухоплови од безбедносен аспект.
  • Задолжен е за спроведување на безбедносен преглед на возила пред влез во безбедносно ограничените зони на аеродромот како и за спроведување на придружба на возила и на посетители во безбедносно ограничените зони на аеродромот.
  • Задолжен е да врши пред- бординг контрола на патниците.
  • Одговорен е да штити од актите на незаконско постапување, како и имотот, вработените, коминтентите и гостите;
  • Должен е да постапува по конкретни задачи предвидени со упатствата и процедурите за работа за конкретната работна позиција,
  • Врши преглед и контрола со опремата за безбедносен преглед на содржината на багаж, стока и пошта со цел откривање и одстранување на предмети кои ја загрозуваат или би можеле да ја загрозат безбедноста.
  • Задолжен е за издавање на идентификациони картички за придружувани лица и водење на редовна евиденција за бројната состојбата на ИД картите на службен премин, како и за спречување влез на неавторизирано лице во безбедносно ограничените зони;
  • Задолжен е за заштита на имотот на компанијата од неовластено внесување - изнесување на предмети, опрема, делови од опрема и друг вид имот;
  • Задолжен е за правилна употреба на опремата за безбедносен преглед на сите контролни пунктови како и за одржување на хигиената на пунктовите за проверка и работните простории;
  • Задолжен е за дневна проверка на техничката исправност на опремата и изготвување на чек листата за извршената проверка;
  • Задолжен е да изготвува дневни извештаи за спроведените активности како и извештаи за било какви нарушувања или безбедносно-интересни случки, појави и предмети кои би можеле да ја загрозат безбедноста;

 

     ПОТРЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ И ЛИЦЕНЦИ

  • Лиценца за вршење работа на обезбедување на лица и имот
  • Уверение за завршен A2 степен на познавање на англиски јазик ( согласно Common European Language Framework)
  • Средно образование (IV степен)
  • Најмалку 2 години работно искуство во обезбедување од дејствија на незаконско постапување

 

ПОТРЕБНИ ВЕШТИНИ

  • Комуникациски вештини
  • Тимска работа
  • Познавање на работа со компјутери                                                                                                                                                                                                                                                                  

Напомена: Предност имаат кандидатите од женски пол поради потребата од контролни проверки на лица од женски пол.

 

Нудиме динамична и стимулативна средина, како и професионален предизвик.

Сите заинтересирани кандидати можат да го испратат своето CV на маил адреса [најави се за да го видиш е-маилот]со назнака “Обезбедување - Охрид“.

 

Со испраќање на Вашето CV сметаме дека сте согласни да ги чуваме Вашите лични податоци до 6 месеци во нашата база согласно правилата за заштита на личните податоци.


Ве молиме имајте во предвид дека само избраните кандидати ќе бидат контактирани.

Во очекување сме на Вашите апликации!

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »