Пикер / магацин

За компанијата: Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна... повеќе за компанијата »
  • Објавен пред 2 недели
  • Зегин ДОО Скопје
  • Активен до 17.09.2021
  • Позиција: Општ работник/магационер
  • Локација: Скопје

ЗЕГИН ФАРМ е првата приватна  компанија во Република Македонија регистрирана за продажба  на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема  дистрибутивна мрежа, секогаш сме во потрага по талентирани професионалци кои сакаат да станат дел од нашето професионално семејство.

Поради проширување на својот тим, имаме потреба од:

ПИКЕР

Опис на работата и работните задачи:

  • Пакување на производи во кутии наменети за аптеки согласно ВМС системот користејќи безжични апарати за следење што треба да се спакува и евидентира согласно нарачките во системот.
  • Обезбедува спакуваните кутии по аптека да бидат соодветно наполнети со производи во согласност на нарачката во системот и да бидат поставени на локацијата наменета за тоа во рамките на магацинот.
  • Гарантира соодветно евидентирање на декларациите со апаратот од местото од каде го подигнал производот за да го спакува во кутијата наменета за аптеката за која го работи поставената фактура во системот, а која ја гледа во системот преку неговиот апарат.
  • Водење грижа за безбедна и чиста работна средина, полици, палети и сл.
  • Вршење на сродни задачи

Квалификација ( степен и вид на образование ):

  • ССС/ ВСС

Специфични барања:

  • Претходно искуство ќе се смета за предност.
  • Познавање и користење на опрема за складирање.
  • Логичко размислување
  • Самостојност во работата
  • Високо ниво на одговорност, прецизност, посветеност.
  • Комуникативност, доверливост, тимски работник
  • Физичка издржливост

Што нудиме:

  • Солидна плата по договор,
  • Можност за професионален развој и надоградба,

Доколку  сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување, како и професионални компетенции за успешно да работите во областите наведени погоре, Ве молиме испратете пропратно писмо и биографија на македонски јазик со ознака ПИКЕР  на [email protected].

Само кандидатите кои во целост ги исполнуваат критериумите ќе бидат контактирани.