Раководител на Финансии и сметководство

За компанијата: Хотел Актор, најновиот додаток на живописниот и шармантен град Скопје, Северна Македонија. Нашиот хотел може да се пофали со 50 луксузни соби, најсовремен спа центар, ресторан од светска класа и архитектонски дизајн со стравопочит кој ќе ве остави без здив. повеќе за компанијата »

Опис на работното место и одговорности:

  • Водење, планирање, организирање, усогласување и контролирање на целото финансиско работење на компанијата, вклучувајќи го и сметководственото управување, финансиското планирање, фискалните процедури, внатрешните ревизии, контрола на трошоците, и инвестициски студии и анализи,
  • обликување, имплементација и извршување на кратки, среднорочни и долгорочни финансиски стратегии на компанијата,
  • Води материјално и финансиско сметководство според двојниот систем и тоа: Главна книга,  дневник и аналитичка евиденција;
  • Одлучува во однос на сметководствените политики во друштвото и нивна примена;
  • Се грижи за чување и заштита на сметководствените книги и е задолжен нив да ги презентира на барање на некој државен орган или институција како и на барање на Раководните органи на друштвото;
  • Изготвување и книжење на плати;
  • Врши прием и контрола на сметководстевна документација пред да биде книжена согласно закон и актите на друштвото;
  • Контрола на обработка на девизни сметки и девизни плаќања, увози, набавни калкулации и сл.;
  • Пресметка на ДДВ и данок на добивка, пополнување, потпишување  и поднесување на даночни пријави и сите други обрасци за даночни цели;
  • Посредување на потребните информации и извештаи до раководството на компанијата за поефикасно управување,
  • Соработка со одделенија и служби со цел да се предвидат и планираат трошоците и приходите на компанијата,
  • Подготовка, потпишување и поднесување на завршна сметка;
  • Подготовка на статистички извештаи;
  • Подготовка на периодични финансиски извештаи (БУ, ББ и готовински тек);
  • Даночни и финансиски консултации и совети за генералниот менаџмент;
  • Буџетирање на идното работење во соработка со извршниот менаџмент.

Потребни професионални квалификации и функционални вештини:

Професионално квалификуван Сметководител кој постојано е во тек со професионалниот развој во своето поле докажано преку следниве критериуми:

  • Диплома за завршено 4-годишно високо образование од Економски Факултет (VII/1степен) (пожелен сектор: сметководство, ревизија или финансиско сметководство);
  • Поседување уверение за овластен сметководител од Институтот за Сметководители и Овластени Сметководители заверено во Регистарот на сметководители РМ;
  •  5 години искуство на работно место Раководител на финансии/сметководство или слично
  • Одлично разбирање на сметководствени правила и политики, вклучително МСФИ и МСС;
  • Познавање на работа со сметководствени програми;
  • Способност за активно, ефективно, ажурно, брзо и аналитично работењето;
  • Способност за работа во тим, и ефикасно координирање на тим;
  • Аналитичност, почитување на рокови, самоиницијативност и лојалност.
  • Компјутерско знаење: уредувачи на текст - основно, работа со табеларни пресметки – високо ниво, работа си база на податоци - основно.

Предност ќе имаат кандидатите со работно искуство во сектор градежништво;

Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV на e-mail: [email protected]  со задолжителна назнака “Раководител на финансии и сметководство’’.

Напомена:

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Апликациите без назнака НЕМА да бидат разгледани!


Понуда/Плата: Компетитивна

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »