Финансиски аналитичар

Плата од 60.000 ден. до 80.000 ден.

Барате динамична и перспективна работа во успешна компанија? Станете дел од успешниот тим на ХТЛ Македонија ДООЕЛ Скопје. 

ХТЛ Македонија ДООЕЛ  со седиште на ул. 16-та Македонска бригада бр.25 во Скопје -Гази Баба е  дел од големата  интернационална групација Новоматик АД од Австрија, која со свои подружници во повеќе од 50 земји во светот е лидер на пазарот/идустријата за игри на среќа и забавните игри

Ако сте вредна и амбициозна личност, станете дел од нашиот тим.

Ние нудиме:

  • Основна плата од 72.000 денари
  • Работа во брзорастечка компанија;
  • Работа со млад, креативен и амбициозен тим;
  • Можност за професионално усовршување и напредување
  • Јасно поставено скалило на одговорност и очекувања
  • Можност за остварување бонуси и награди на месечната плата
  • Право на платен годишен одмор  од минимум 20 работни дена, времето поминато во работен однос, условите за работа и други критериуми согласно со Закон.

НИЕ бараме минимум потребни квалификации:

  • Завршено ВСС -економски факултет
  • Работно искуство: најмалку 3 (три) години работно искуство;
  • Познавање на англиски или друг светски јазик;

Дополнителни квалификации:

  • Oдлични комуникациски вештини, флексибилност и проактивност
  • Самоиницијативност во секојдневната работа, тимска работа и способност за работа под притисок
  • Квалитетно и ефикасно извршување на секојдневните работни задачи
  • Чесен однос кон работата, доверливост, лојалност и одговорност
  • Мотивација за напредување и развој во кариерата.

Работни задачи:

  • Изговување на финансиски планови/ буџет на Друштвото
  • Учество во проекти на Секторот за финансии
  • Собирање/ повлекување на финансики податоци од сметководствените-информациони системи како и нивно ажурирање.
  • Спроведување на анализи на сметководствени податоци и извештаи на месечно, квартално и годишно ниво.
  • Изработка на сите извештаи кои Друштвото треба да ги достави до сите институции во земјата,како и сите извештаи кои треба да се достават до Секторот за финансиско известување на Содружникот
  • Известува за  состојбата и движењето на средствата и изворите на средствата на друштвото утврдени со Финансискиот план за тековната година;
  • И други работи од областа на финансиското управување и контрола;

Работниот однос е на неопределено време, со 8 часа работно време, од понеделник до петок.

Рокот за аплицирање е 15 работни дена, само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидете повикани на интервју.

Доколку верувате дека сте идеални за оваа работна позиција испратете го вашето СV на емаил: [најави се за да го видиш е-маилот]

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »