Експерт за процесирање на плаќања

За компанијата: ФД ФИНМАК ДОО Скопје со брендовите Тиго и Бонго е современа компанија со високи професионални стандарди која нуди лесни и брзи решенија за микрокредитирање на физички лица. повеќе за компанијата »

Финансиско друштво ФИНМАК е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нудиме брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому. 

Нашиот тим се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата, повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата
Експерт за процесирање на плаќања

Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија, притоа имајќи позитивен став во обезбедување на исклучителни услуги кон нашите корисници. 

Позицијата вклучува:

  • Навремено импортирање на банкарските плаќања;
  • Точно и прецизно прокнижување на банкарските плаќања на соодветните клиенти;
  • Навремена исплата преку банкарски трансфер на издадените кредити;
  • Администрирање на кредити;
  • Следење на состојбите на банкарските сметки, со цел обезбедување на доволно средства за исплата на кредити;
  • Грижа за намалување на вишокот на парични средства на ниво  на компанија
  • Комуникација со банките (телефонска и преку емаил) со кои компанијата има соработка;

На оваа позиција вработениот одговара пред Менаџер за електронско кредитирање и процесирање на плаќања.

Профил на кандидат:

  • Пожелно е да има работно искуство во работа со финансии
  • Познавање на англиски јазик и MS Office
  • Ориентираност кон резултати и остварување на дадените задачи на дневно ниво
  • Поседување на аналитички вештини и ориентираност кон детали
  • Флексибилност за работа од понеделник до петок од 08:00 до 18:00 часот и сабота од 10:00 до 14:00 часот

 Услови од компанијата:

  • Современа и најнова технологија
  • Основна плата според политиката на компанијата
  • Можност за професионален развој и напредување
  • Динамични работни услови во брзорастечка компанија 

Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на македонски јазик преку полето  Аплицирај.

Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ФИНМАК го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.

Со аплицирање, кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во прикачените документи да бидат собрани и обработувани од ФИНМАК, во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор на кандидат за позицијата за која аплицира. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »