Оглас за вработување на Референт за продажба на осигурување

За компанијата: ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје:

Самостоен соработник за премиско сметководство - Самостоен соработник за финансии

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за  професионален развој и надоградба како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.

Во согласност со нашата цел и стратегија имаме потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:

                                     Референт за продажба на осигурување во Продажно место ТЦ Капитол Мол

 

  • Основни работни обврски

Референтот за продажба на осигурување во ТЦ Капитол Мол бара и придобива нови клиенти, врши продажба на полиси за различни видови на класи на осигурување, врши промоција на продуктите на Друштвото,  дава поддршка и помага на осигуреникот околу остварување на своите права од осигурување и се грижи за навремена наплата на премијата на осигурување, ги обновува постојните полиси за осигурување како и одржува контакти со клиентите и ги известува за сите значајни промени во Друштвото

 

Потребни квалификации и карактеристики:

  • Високо образование
  • Најмалку 3 години работно искуство во осигурување;
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Ориентираност кон продажба и клиенти;
  • Професионален пристап кон работните обврски;
  • Способност за тимска работа;

Доколку сте продажно ориентирани и сакате да станете дел од нашето Друштво, испратете ни ваше CV на следната е-маил адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака “Оглас за вработување на Референт за продажба на осигурување во ТЦ Капитол Мол”.

Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Друштвото.

Напомена: Работното време е организирано во смени. Прва смена од 10.00 - 16.00 часот, Втора смена: 16.00-22.00 часот. 

Напомена:  Само кандидатите што ќе влезат во потесниот круг ќе бидат повикани на интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »